Таг: тепачка

Како порано изгледала тепачка на фудбал?

Многу помашки и поконкретно, нема тука глумење и пренамагање. Да се знае како оди тоа. Па уште и си подадоа рака на крај, ко ништо да не било.

Германија почнува да изгледа многу познато

На јавен базен во Берлин се прави масовка во која учествуваат едно стотина мажи, за чие раздвојување подоцна доаѓаат 13 полициски возила со исто така околу стотина полицајци. И сето тоа затоа што некој испрскал некого со пиштол на вода.

Што мајка ти?

Се работи за средношколски натпревар во САД на кој се тврди дека цело време мајка му пцуел и не бирал зборови.

Тепачки во Белград, Загреб и Лестер

Многу работа и се отвори синоќа на полицијата. Во два градови каде се играа натпревари од Лига Европа и на пријателски кошаркарски меч. Има повредени, уапсени и по некои кои се млатеа меѓу себе за превласт на трибина.

Нетфликс документарец за најголемата тепачка во историја на НБА

Во ноември 2004. година во поранешната сала на Детроит Пистонс изби војна. Се тепаше кој со кого стигне и за малку армијата ќе интервенираше да смири страсти.

Гужвата на Стемфорд Бриџ

Секој сака да игра во Лига на шампиони, особено кога се наоѓаш во таа зона, а губиш и ти гори во последно коло. Лестер синоќа загуби од Челси, а со тоа го загуби и третото место, па играчите ги загубија и нервите.

Општа тепачка, ама на кошаркарки

Ај да речеш ќе се закачнат, ќе се скубнат малце за коси и толку. Ама не бре, овие сериозно тргнаа во напад и тука не се знае кој јаде, кој пие. Инаку овие нетипични сцени ни доаѓаат од универзитетска лига во САД.

Нејќеш да си кошаркарски судија во Албанија

Зошто? Затоа што нејќеш. Ќе досудиш техничка грешка и некоја битанга ќе ти рипне до толку агресивно што на крај кошаркарската кариера ја плати со доживотна суспензија и приведување во полиција. Каков идиот.

Бар да знаевте да се тепате

Навивачи на Арсенал пијани или нервозни или пијани и нервозни што немаат освоено европски трофеј едно 25 години.

Епа така е кога се закачаш

Прво се гледа дека е пијан и тромав, барем по бавните движења и плус начекал невина и немоќна жртва. Е потоа кога ќе се проба кај вториов кој патем продава шалови, клипов ќе заврши пошто ќе нема поента да трае.

Тепачката меѓу навивачи на Ливерпул и Сити

Двајца „скаузери“ не нашле карти за гостинскиот сектор па морале да седат на една од домашните трибини. При прослава на вториот гол на Ливерпул малку требало за да настане хаос. Среќа навреме реагирале редарите па ги раздвоиле.

Полициска бруталност пред Камп Ноу, навивачите на Челси се бесни

Иако стадионите во Шпанија важат за мирољубиви места, особено Камп Ноу каде има плева од туристи кои одат да ја гледаат Барса, синоќа пред влезот било танзично и играле пендраци.

Бразилско дерби со хард кор финиш

Кога сте виделе последен пат судија да прекине натпревар поради недостиг на играчи на терен? Бразилските фудбалери кои се познати по лудото дриблање, овој пат покажаа други вештини, а тоа резултираше со 10 црвени и 8 жолти картони.

Летаа тупаници во финале на рускиот Куп

Фудбалерите на Локомотива Москва го совладаа Урал со 2:0 и го освоија рускиот Куп и ќе играат во Европа после речиси една деценија. На крајот од дуелот имаше голема тепачка меѓу играчите и четворица добија црвен картон.

Како Конор Мекгрегор со крв ги заработил првите пари

За лудиот Ирец се знае речиси сè. Колку борби, колку освоени појаси, колку титули. Но малкумина знаат како ја искористил лудата храброст да се тепа за пари во паб со цел да заработи за карта на концерт.

Тепачка на ракомет во Црна Гора

На дуелот од втората ракометна лига на Црна Гора меѓу Никшиќ и Морача, на 10 секунди пред крајот од средбата гостите воделе 23-21. Во тој момент еден играч на домашните удрил противнички ракометар поради што настанува општ хаос.

Хорор тепачка во романска 4-та лига

На мечот меѓу АС Баиле Оланести и Фореста Малаја (4-2) во романската четврта лига настана општа тепачка во која не се знае кој кого удира.

Индонезиско ватерполо млатење

Масовна тепачка се случи на ватерполо дуел на индонезиските национални игри. Навивачите револтирани од некои судиски одлуки почнале да фрлаат шишиња во водата, а во хаотичната ситуација во базенот летаа тупаници на сите страни.

Уште непочната сезоната, во Лацио веќе се тепаат меѓусебе

Недоаѓањето на Марсело Биелса, 11-те продадени сезонски карти за еден ден и протестите на навивачите се само најава за проблемите кои се таложат во Лацио. Хармонијата е срушена и во тимот. Лулиќ со непотребен груб старт му посака “добре дојде“ на новото засилување Лукаку, а за прекршокот му се одмази Кеита. Потоа овие двајца се степаа, а камерата го смени кадарот.

Тепачка пред почеток на финалето на ЛЕ

Навивачите на Ливерпул и Севиља ја искористија неспремноста на полицијата и редарите во Базел и се судрија на трибините пред почетокот на финалето на Лига Европа. Тепачки имало и надвор од стадионот.

Ај на ферка, навивачи vs играчи

Не е само Балканов подложен на идиотски сцени кои од пцуење мајка завршуваат со крв. Имуни на насилничко однесување не се ниту во Велс, каде желбата за тепање прво се појави кај еден од фудбалерите.

Што значи неспортско однесување во Русија

Доколку се играло фудбал и на Дивиот Запад, претпоставуваме дека тоа изгледало вака како на овој нисколигашки меч во Русија. Само што овде ниту еден од соиграчите на тој што бега не најде за сходно да рипне во негова одбрана.

Тепачката меѓу навивачите на Олд Трафорд

Омразата град-град, клуб-клуб, навивачи-навивачи меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е толку голема што ретко кога нивните дуели минуваат без инциденти. По голот на Кутињо синоќа, гостите запалија бакља (редок случај на Островот), а во еден момент неколку навивачи на Ливерпул влегле со нивно знаме на трибината каде стојат домашните навивачи по што изби тепачка која траеше 5 минути.