112 гола против 46 различни репрезентации

Португалија со 3-0 го совлада Катар којшто игра формално во група од квалификациите за Светско на кое е пласирана селекција како домаќин. Кристијано Роналдо го отвори резултатот и постави нов рекорд. Сега има 181 натпревар за својата земја, 112 гола против 46 различни селекции. Неверојатно.

Досегашен рекордер по број на настапи за својата репрезентација во Европа беше Серхио Рамос со 180 натпревари за Шпанија. Кристијано Роналдо сега е рекордер на Стариот континент со 181 настап.

Роналдо дебитираше за Португалија на 20 август 2003-та година на 18 години против Казахстан. Неговиот прв гол за својата селекција го даде на Европското првенство 2004-та на отворањето против Грција од која изгубија во сензационалното финале подоцна.

Комплетна анализа на сите голови на Кристијано Роналдо за Португалија

10 октомври 2021 - 11:00