Кога термометрите упорно се искачуваат, клима-уредот од удобност лесно станува неопходност. Но, токму во моментот кога побарувачката за разладување е најголема, одлуката за купување нов уред не е само прашање на температура. Најголемо внимание се посветува на потрошувачката на електрична енергија, ефикасноста и секако, на вкупниот трошок за набавка и монтажа.
Од 08.08, Фуего и Нептун Македонија стартуваа понуда што тешко се игнорира.
Имено, само до 31 август на одредени Фуего клима-уреди, монтажата е достапна за САМО 1 денар. Условот во оваа акција е да се пријави стар уред од бела техника или стара клима за подигнување од адресата на купувачот.
Тоа значи дека оние што веќе подолго време размислуваат за нов уред за ладење, сега имаат дополнителна причина да не ја одложуваат одлуката за некој „поладен ден“, а дополнително и да не се грижат за трошоците за транспорт за старите и неисправни уреди.
Современиот клима-уред денес има задача да направи повеќе од тоа само да ја намали температурата. Енергетската ефикасност е важен критериум, особено во домаќинствата каде уредот работи со часови во текот на најтоплите денови.
Фуего нуди модели со инвертер технологија, енергетска класа до A++ при ладење, стабилна работа при различни надворешни температури и тивко работење. Комбинацијата е направена согласно барањата на потрошувачите; пријатна температура без непотребно оптоварување на потрошувачката и без уредот да го нарушува мирот во домот.
И тука изборот на вистинскиот модел од Фуего е особено важен. Големината на просторот, изолацијата, изложеноста на сонце и начинот на користење - се само дел од факторите што треба да се земат предвид. Поголем уред не значи автоматски и подобар избор, исто како што најниската цена не значи нужно и најдобра долгорочна инвестиција.
Токму затоа, актуелната понуда на Фуего и Нептун Македонија доаѓа во период кога интересот за клима-уреди е најголем. Ограничениот рок е можеби и најважниот детал во целата приказна, бидејќи кога температурите се високи, а потребата од разладување е итна, одложувањето на купувањето за „подоцна“ лесно може да значи чекање до следната сезона.
Ова пеколно лето уште еднаш потврдува дека доброто разладување е многу повеќе од комфор, тоа е паметен избор, ефикасно користење и препознавање на вистинската понуда во вистинскиот момент.
(Комерцијален текст)