Погрешните изговори, правописните грешки, невообичаените начини на служење или пак уживање во Heineken и секако, незаборавните искуства како синоним за ова пиво, се главните теми во славеничката кампања на еден од најголемите светски пивски брендови, кој годинава обележува 150 години од своето „раѓање“.
Инспирирана од зборовите на Фреди Хајнекен - „Јас не продавам пиво, туку незаборавни искуства и добри времиња“, целта на кампањата е да покаже дека кога се таквите моменти во прашање, не постои правилно/неправилно или пак точно/неточно, се’ додека атмосферата се загрева и луѓето уживаат во дружењето.
Зошто колку и да се разликуваме во тоа со кое име го нарачуваме, како го пиеме или како го сервираме Heineken, крајната желба ни е иста: да се собереме со пријателите и луѓето што ги сакаме, да наздравиме и заедно да создаваме незаборавни искуства...на еден или друг начин!
(Комерцијален текст)