За роденденот на Кочо Рацин (22 декември 1908)

ТАТУНЧО
На Бана

Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце - порта највисока,
срце - куќа најширока.

Ако жена не донесов
ѓул-трендафил во одаја
верна, добра млада љуба -
не ме к'лни, не ме жали;
во борбата другарката
с'лнце сјае, с'лнце трепти!

Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејав -
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани..."

И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што л'штат
блазе, речи на душата -
има зошто душа да е!

(посветена на велешанецот Бане Андреев)

22 декември 2016 - 11:54