„Велосипедот е средство за уживање и симбол на слобода. Не можам да замислам по убав начин да значењето на нашето културно богатство биде пренесено на јавноста освен преку една прошетка со велосипед." истакнува Бојан Ранташа од Одржливи иницијативи.
Турата на учесниците ќе им овозможи да се запознаат одблизу со дел од културното наследство на Република Македонија. Планирано е да се посетат локалитети кои пред сé се прогласени за културно наследство и заштитени се со закон. Тоа се локалитетите: црква Св Никола, Варош; Спомен куќата на Блаже Конески; Манастирот Св. Никола, Слепче; црква Св. Богородица, Костинци; црква Св. Никола и Манастирот Преображение, Зрзе (само во долгата тура бидејќи патот до Зрзе е во реконструкција); како и Спомен куќата на Пеце Атанасовски и најстариот даб во Општина Кривогаштани. Кустосите од Музејот во Прилеп ќе раскажуваат за значењето на ова културно наследство, додека пак организаторот ќе се погрижи да има доволно освежувања и окрепнувања по патот.
Овој настан како образовна и спора велосипедска тура се организира за прв пат. Организаторите се надеваат дека ќе премине во традиционален настан и дека ќе расте. Организаторите веќе имаат и најава на учесници од Бугарија и Косово.
Настанот е организиран од Здружение на граѓани Одржливи иницијативи – Скопје во соработка со Велосипедски клуб Илинден – Прилеп, а поддржан од Министерство за култура, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Општина Долнени, Општина Кривогаштани, Општина Прилеп, Музеј Прилеп, Фурна Алекс, Сабокс Трејд, СС Система, Стефано 97, Нова Македонија и Винарија Брзанов.
Повеќе информации за турата и како да се пријават за настанот може да се добијат на велосипедскиот портал www.mk.to4ak.com.
Пријавување тука
Фејсбук настан тука
Гугл+ настан тука
Сите дополнителни информации во овој .пдф