Постојат многу популарни видови на тестенини што се консумираат и во посебни прилики, но и како секојдневни оброци. Навистина, има толку многу различни видови тестенини кои се прават токму поради многуте придобивки кои што тестенините им ги даваат на конзументите. Меѓу најбитните придобивки се следниве: со нивната конзумација се обезбедува одржлива енергија, содржат фолна киселина, имаат низок „GI“ или „гликемиски индекс“, се препорачуваат за избалансирана диета, не содржат холестерол и имаат низок процент на натриум.
Бидејќи тестенините се сметаат за здрави и хранливи, производителите на тестенини измислија најразлични видови од ова популарно јадење. Тука ви ги презентираме само ТОП 10, односно најпопуларните видови на тестенини кои што луѓето ширум светот најчесто ги купуваат и ги приготвуваат дома или пак ги нарачуваат во ресторан.
Кои се најпопуларните видови на тестенини?
Подолу ќе ви дадеме повеќе детали за секој од нив одделно, но најпрвин - брз список на најпопуларните типови тестенини во светот:
1. Шпагети
2. Фетучини
3. Фиде
4. Макарони
5. Фусили
6. Фарфале
7. Пене
8. Чифери
9. Челентани
10. Лазањи
Прочитајте повеќе за сите во детали, вклучително и препораки за тоа кои тестенини одговараат со одредени популарни сосеви.
# 1: Шпагети
Шпагетите се најпопуларниот од сите видови на тестенини. Тие се омилени за многумина, а особено ги сакаат децата. Навистина, тие се едни од најчесто готвените тестенини ширум светот. Шпагетите обично се најдостапни и во менијата на повеќето ресторани.
Секој ќе препознае дали тестенините што ги гледа се шпагети, доколку имаат убава жолта боја и се во форма на долги ленти. Креаторите на тестенини развија и шпагети од зеленчук за сите оние кои преферираат здрава храна и здрави навики. Најдобри сосови за овој вид тестенини се традиционалниот црвен сос во комбинација со ќофтиња или Болоњезе. Црвениот сос е познат и како класичен сос што го сакаат повеќето деца. Во последнава година, апсолутен хит во рестораните е комбинацијата на шпагети со свежи морски плодови во црвен сос.
Шпагети со месо во сос од домати е веројатно најпопуларното јадење со тестенини на сите времиња!
#2: Фетучини
Фетучините се направени во форма на долги ленти, но се многу пошироки од шпагетите. Исто така, тие се популарен вид на тестенини што е најчесто на менијата во повеќето ресторани. Исто така, фетучините се подготвуваат лесно и дома. Најдобро се сложуваат со морска храна, пилешко или со сос Алфредо.
Сепак, фетучините се извонредно вкусни кога ќе се спојат и со крем сосови. И, бидејќи се како долги ленти, лесните крем сосови од 4 вида сирења ќе одат добро со овие тестенини. Лесно се соединуваат и ги впиваат вкусовите на сосот.
#3: Фиде
Тестенините Фиде исто така се изработени од ленти и наликуваат на искршени тенки шпагети. Сепак, разликата е во тоа што, лентите фиде се многу кревки и нежни. Во споредба со шпагетите и фетучините, за овие тестенини е потребно многу пократко време за готвење, односно од околу 3 до 5 минути.
Идеални сосови за овој вид се оние базирани на маслиново масло. Некои сметаат дека се идеални и во комбинација со лесен сос од домати или со песто сос. Искусните домакинки сепак употребиваат класично фиде исклучиво за во супа. Го кршат и го ставаат фидето во супи, па и во чорби и различни варива.
#4: Макарони
Исто така, во оваа листа на најпопуларни видови тестенини се вброени и макароните. Тие се омилена храна на многу семејства по дома. Изгледот на ваквиот вид на тестенини е многу поразличен од првите три споменати кои имаат форма на долги ленти. Макароните се појавуваат во неколку варијации – кратки, прави како цевки и во форма на буквата „С“. Времето за готвење за овој вид тестенини не е подолго од 6 до 8 минути.
Домаќинствата и рестораните ги користат макароните во потпечена варијанта, но и за правење крем салати, супи и при подготовка на мезе. Идеални сосови за овој вид тестенини се сос од путер и сирење. Децата сакаат макарони, особено кога се во сос од сирење или во комбинација со пилешка супа.
Дали знаевте дека можете дури и да направите свои макарони дома? Сè што ви треба е една мала рачна машина за тестенини.
#5: Фусили
Фусили по својот изглед се идентификуваат како кратки или долги спирали. Постојат различни сосови кои можат совршено да се соединат со овие тестенини. Омилени им се на многумина кога се искомбинирани со сос од месо.
Љубителите на фусили го изгласаа својот фаворит - фусили со колбаси измешани во лут, црвен сос со чили. Она што е најдобро во врска со нив е тоа што тестенините фусили е тоа што поради специфичната форма, лесно можат да го апсорбираат вкусот на сосот.
#6: Фарфале
Машничките исто така се нарекуваат и фарфале, италијански термин што значи „пеперутки“. Тие се тестенини што се спојуваат на средина за да изгледаат како вистинска машничка. Потребни се од 10 до 12 минути време за готвење на машничките. Тоа е вид тестенини што најдобро одговара со маслиново масло, свеж домат, путер или сосеви од сирење.
7: Пенe
Пенe тестениниte имаaт форма на мал цилиндер. Може да се најдат во различни варијанти, според главната состојка од која се направени. Сепак, најпопуларните вкусови се пене се оние со јајце и пене со спанаќ. Тие се најчесто купуваниот вид на пене во супермаркетите. Овој вид тестенини обично се користи за салати. Но, сепак, љубителите на тестенини исто така ги јадат со сос од лук, босилек и маслиново масло, сол и бибер кога сакаат да зготват едноставно, но вкусно јадење.
Слични тестенини со пене се каватели и навистина е лесно да се приготви свој тип на тестенини бидејќи самата форма на цилиндер е погодна да го апсорбира сосот и да допринесе за експлозија од вкусови во вашата уста.
#8: Чифери
Чифери се кратка и извртена сорта на италијански тестенини, блиски до макароните. Поради својата форма, обично се користи во разни супи како што е Минестроне. Исто така, постои подврста на чифери наречена „chifferi rigati“, која исто така е извртена, но свиткана, така што честопати се комбинира со едноставни и лесни сосови базирани на масло и зачини, па така најдобар партнер им е маслиново масло, лук, босилок, но и кремаст сос од сирења, сос од печурки или лесен сос од домати. Исто така, некои преферираат да ги подготвуваат и со песто сос.
Исто како и макароните, така и на овие тестенини им требаат од 10 до 12 минути за да се готови.
#9: Челентани
Прекрасната тестенина во облик на спирала со оригинален назив „Cellentani“ е исто толку интересна естетски колку што се и јадењата со неа. Челентаните се совршени за секој сос, фаќајќи ја секоја капка од омилениот сос и заробувајќи зеленчук, месо или риба со секој вкусен залак. Челентаните е исто така се омилени кога станува збор за ладни салати со тестенини или топли потпечени во сосеви базирани на месо. Перфектно одговараат со црвени сосови како Арабиата, а некои луѓе ги преферираат во комбинација со кремаст сос Карбонара.
#10: Лазања
Лазањите се изработени од правоаголни листови кои се рамни и големи. Секој сос може да се искобинира со овој вид на тестенини. Сепак, лазањите се многу популарни со традиционалниот црвен сос Болоњезе. Листовите од овие тестенини се користат за наизменино редење на тестенини и сос при подготовка на овој вкусен рецепт. Листовите се претходно варени пред да се печат заедно со филот и сосовите. Лазања е исто така е превкусна ако се направи и во вегетаријанска варијанта, со сецкани зеленчуци, наместо со мелено месо и моцарела сирење
(Комерцијален текст)