Tantissimo — најупотребуваниот збор во Италија?

Многу брзаме, пробуваме, мислиме, посакуваме. Многу, многу. Без разлика каде се наоѓа, максимата на модерниот човек е токму желбата за уживање и во најмалиот миг. Максимално. Целосно.

Но, можеби еден од најточните стереотипи во светот е наменет за Италијанците.
 
Кога некој ќе помисли на Италија автоматски  се асоцира на  неповторливата уметност, ненадминливите вкусови и разновидноста од храна и вино, безвременската архитектура, историја, музика, на кои може да се додаде и изобилство од  природни убавини — од зелените падини на Тоскана, карпестите Алпи, па сѐ до крајбрежјата на Амалфи, Портофино и Капри — секој дел со своја магична убавина.
Италија претставува уникатен сплет на градби и знаменитости од традиционално и модерно време, кои секого го оставаат без здив. Некој ќе каже: „Клише чувство“, но ние велиме — дефинитивно вредно да се почувствува. Искуство кое само по себе е многу, многу уникатно.

Италијанците како народ се познати по нивното гласно и директно комуницирање, како и константното употребување  гестикулации со рацете. Да, гласно. Да, директно. Но, е една од најомилените карактеристики за овој народ, која без исклучок секогаш измамува насмевки. Размислувајќи за тоа, како и не би се запрашале: Кои сѐ зборови најчесто се дел од разговорниот вокабулар на еден Италијанец? Особено кога постојано искажуваат емоции со секој споделен збор, мисла, поздрав.

По неколку години во пандемија и изолација, 2022 година беше благиот старт на максимално уживање во животот. Можеби најупотребуваниот збор во Италија за изминатата година е токму tantissimo или „многу, многу“. А зошто Италијанците преферираат толку многу да го користат овој збор во своето секојдневие?

Одговорот е едноставен,  живеат за да го искористат најубавиот и најсладок дел од секој момент. Сакаат многу, многу да пијат еспресо, да подготвуваат паста и пица, и да уживаат во насмевките и прегратките со своите сакани.

Италијанците се можеби најдобриот пример на планетата за тоа како треба да се живее и да се ужива во значењето на tantissimo.

За љубителите на патувањата, Италија е омилениот медитерански рај. Виновите лозја во Тоскана, корените на пицата во Неапол, градот на маските, водата, мостовите, каналите — Венеција, светскиот центар на ренесансата – Фиренца, местото каде што живее љубовната трагедија на Шекспир – Верона, и „колосеумот“ на центарот на сѐ — Рим.
Да, сите патишта водат до Рим, но несомнено и до цела Италија.

Италија е уживање. А изборот кое место сакаме tantissimo да го посетиме, не е лесна задача.

Животот вреди да се живее, насмевките вредат да се на нашите лица, и тоа навистина,  многу, многу.

Tantissimo – можеби најдоброто животно мото досега?

(комерцијален текст)

30 март 2023 - 15:13