Наместо јахти на Ибица и Кипар за кои се одлучија многу играчи кои играа на Европското, голманот на Италија реши со партнерката Иларија Д’Амико да оди на летување во Марина ди Маса, во регионот Тоскана. Додека се враќал од плажа, Џиџи решил да влезе да поигра со децата на локалниот терен и ги израдувал.
Едноставноста со која Ноер брани на тренинзите и натпреварите го прави еден од најуспешните германски голмани на сите времиња. Селекторот на Панцирите Јоаким Лев ќе го има најсигурниот голман на предстојното ЕП 2016-та.
Нема ден да помине а некој од триото Меси-Суарез-Нејмар да не направи ново чудо со топката. По Аргентинецот пред некој ден, сега Уругваецот покажа дека докторирал на тема гол од позади ограда.
Познатиот италијански пеач Ерос Рамацоти постираше на својот Твитер профил дел од тренингот на Барселона на кој присуствувал утрово каде бил сведок на нова лудост на Меси.
Претседателот на руската федерација се занимава со оваа боречка вештина од детството, а тренира џудо и натаму и покрај презафатениот распоред. Партнер денес му бил селекторот на руската џудо репрезентација, Ецио Гамба.
Во паузата од тренинзите со Ливерпул, Стиви Џи решава да поигра со момците од Ф2Фристајлерс кои за таа прилика му пуштаа глинени гулаби за овој да ги погоди со топка од голема далечина.
После повредата која го оддалечи неколку недели од терените, Меси полека се опоравува и се очекува да настапи на големото дерби против Реал Мадрид на 21. ноември.
Секој собир на шведската репрезентација е празник за новинарите, особено што нема ден Златан да не приреди некое шоу на прес конференција или на терен.
Ги сруши сите можни рекорди, најдобар стрелец е во историјата на клубот, а тоа што го прави на теренот, го прави и на тренинзите. Голманите немаат раат од него, ниту на загревањето.
Најмладите играчи на клубот од Стемфорд Бриџ имаа прилика да се пробаат со нивните идоли, во затворен балон на тренинг. Петлињата играа против Фабрегас, Ширле, Ивановиќ, Рамирес, Дрогба, Куртоа и Кејхил.
Гаучосите вчера ја победија Хрватска во пријателска средба, а за тој натпревар се загревале против младинскиот состав на „чеканите", поради доцнење на својот тренинг.
Мурињо парично ги казнува играчите за доцнење на тренинг, по што Диего Коста реши да ја превземе работата во свои раце, а Куртоа, Чех, Дрогба и Фелипе Луиз се возеа како компири.
Иако во фудбал не е дозволено да се трча и шутира како во хокеј, Погба, Жиру и Кабаје на еден од тренинзите по триумфот над Нигерија тренираа со невообичаени фелш удари од зад гол.