Сметан за француско национално богатство, Рошфор, кој почина на 87 години, вон својата земја сепак ќе остане запамтен како првиот избран да го глуми витезот од Ла Манча во адаптацијата на „Дон Кихот“ на Тери Гилијам.
Човекот за кого последен пат пишувавме по повод неговата опера за Челини, е роден Американец чиј визионерски придонес во светската кинематографија Америка никогаш не го призна. Во интервју за Салон, Гилијам го возвраќа ударот на холивудските „сиви, уплашени луѓе кои се борат за гол живот" и објаснува зошто се откажал од американското државјанство.
Приказна за креативен гениј кој е истовремено битанга и за лудилото на едно време? Магнет за Тери Гилијам, кој е специјализиран за тешки теми и за сложени продукции. Извадоци од неговиот дневник додека ја работел операта на Берлиоз, според автобиографијата на славниот Челини.
Непосредно пред премиерата на неговиот филм „Нултата теорема", Тери Гилијам раскажува за тоа како се запознал со Џон Клиз, за опседнатоста со ликот на Дон Кихот, и зошто е убаво да завршиш неколку работи пред да одиш под земја.
Францускиот композитор бил далеку пред своето време, имал премногу идеи, бил спектакуларен и без скрупули. Пајтоновецот вели дека, накратко, тој бил - како него. И режира негова опера, по втор пат.
Aко не сте го гледале „Бразил" на Гилијам („Страв и омраза во ЛА", „Имагинариумот на д-р Парнасус") веројатно е време тоа да го направите. Мешавина на научна фантастика и сатира, тоа е приказна за еден тоталитарен свет, сличен на оној во Орвеловата 1984-та, но со многу црн хумор.