Таг: столе стоилов

Лудилото пред хотел кога шампионите пристигнаа со пехарот

Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.

Луда прослава на Вардарци на крајот од финалето

Вардар со златни букви го изгравира своето име во европската клупска историја. Момците кои со месеци играа без финансиска инјекција од клубот, ги нокаутираа гигантите. Браво јунаци, Македонија ве чека!

Столе: Ракомет почнав да тренирам на 18 години

Капитенот и срцето на Вардар кој синоќа ладнокрво постигна незаборавен гол во финишот, ко дете се пробал во кошарка, ама среќа што не продолжил бидејќи не го бивало, инаку ликот на Вардар без него немаше да биде тој што е денес.

Најјак коментар по голот на жестокиот Столе

Да не постоеше ќе требаше да го измислиме. Ова е единственото скопско дете во Вардар кое му дава посебен шарм на клубот. Не е он дебел, колку што е заебан кога ќе прими топка на негова територија. Ние си го знаеме и си го сакаме, а другите најдобро знаат да го опишат.

Стојанче има порака до голманот Милосављев

Српскиот репрезентативен голман направи секој навивач на Вардар лесно да го преболи заминувањето на Штербик Велики. Дејан Милосављев синоќа во најважниот меч од сезоната бранеше одлично и беше еден од најзаслужните за новиот Фајнал Фор во Келн. На крајот доби порака од Столе.

Столе: Сергеј лично не ни кажа ништо

По неочекуваното петочно попладневно соопштение на сајтот на РК Вардар во кое се обрати Сергеј Самсоненко дека по крајот на сезонава го напушта клубот, коментар за ситуацијата даде и капитенот.

Не можеш да им го сопреш пикерот, 140 кила има

Македонската ракометна репрезентација синоќа обезбеди прва историска победа на гостувањето против Исланд и со една нога е на Европското првенство следна година. Причините за поразот ги образложи Арнор Гунарсон на кој совршено јасно му е дека не се може против тоа крупно човече.

Само Столе знае да изведе ваква мајсторска „шрауба“

Трета титула по ред за Вардар во СЕХА лигата и вкупно петта во историјата. Само Игор Карачиќ и Столе Стоилов ги имаат освоено сите пет. Капитенот го постигна најатрактавниот гол во финалето и на цел Фајнлфор. Мајсториште.

Вози полека ако сакаш Столе да ти даде карта за Вардар

РК Вардар има маестрален старт со 3 од 3 во Лига на шампиони, а во сабота со почеток од 17:30 против Рајн Некар ќе го игра дербито на колото. Клубот во пресрет на големата ракометна битка се вклучи во акција со сообраќајната полиција. Кој ќе вози совесно ќе добие гратис карта директно од капитенот или Даинис Криштопанс.

Статус на Столе за сите што се сомневаа во Вардар

Без европските прваци Арпад Штербик, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Раул Гонзалес, Хорхе Македа, Давид Дејвис, Жоан Кањељас и Мијајло Марсениќ кои сезонава ги сменија клупските бои, како и повредените Стоилов и Горбок, Вардар во првото коло од новата сезона во ЛШ го тресна Монпеље на гости кој е бранител на титулата. Капитенот не можеше да помогне на паркетот, ама упати еден поздрав.

Засекогаш црвено-црни

Вардар го победи Металург во Автокоманда во последното коло од македонската Суперлига, а тоа значеше дефинитивно крај за осуммина Вардарци. Капитенот Столе Стоилов ги поздрави на Инстаграм со порака „Засекогаш црвено-црни“.

Мајсторијата на Столе, еден од белезите на ЕП

По 17 дена ракомет, ЕХФ направи ретроспектива со најубави моменти кои го одбележаа Европското првенство во Хрватска. Во тие 90 секунди влегоа маестралниот погодок на Столе Стоилов без да гледа во голот на Германците, како и верните македонски навивачи.

Викинзите пресилни, Македонија ја заврши бајката

Во последното коло од втората фаза, Македонија со убедлив пораз од Данска 31-20 го заврши Европското првенство. Данците убедливо први одат во полуфинале, Македонија доби достојни наследници на ветераните.

Кире е најголем лутко, а Манасков спанко

„Ил капитано“ за кој се молиме вечерва да го видиме на паркетот, одговара на блиц прашања за своите колеги и со тоа ни открива неколку нивни особини. Си кажа една и за себе.

Најубавиот гол на првенството е дело на Столе

Ај што се носевме рамо до рамо со големата Германија цел меч, а на моменти бевме подобри и ги водевме, туку и си игравме со нив со атракции. Прво со двоен цепелин, а потоа и со ремек делото на Столе кој потсети на еден гол на Индира Кастратовиќ

Се чекаме на улица „Столе Стоилов број 5“

Секој херој треба да има своја улица, па еве нашиот ја доби својата, стои на Твитер профилот на скопската Рок кафана Рустикана 2.0. Зошто да не, зборуваме за капитенот на Европскиот првак Вардар. Кога ќе викнете такси до таму тоа би звучело вака: Една кола ве молам до улица „Столе Стоилов“.

Столе Стоилов: Време е за тој Фајнал Фор

Како никогаш досега ракометарите на Вардар имаат одлична шанса за пласман на Ф4, откако од Германија во Скопје донесоа +2 гола предност пред реваншот со Флензбург.

Вардар ја загуби првата битка со Веспрем

Ракометарите на Веспрем ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако вечерва беа подобри од Вардар во првата од трите предвидени борби меѓу овие два големи ривали кои ќе се судрат и во четвртфиналето од ЛШ.

Столе не знае ни каде ни со кого играат во СЕХА

Вараждин овој викенд е домаќин на фајнлфорот во СЕХА лигата која се игра петта година по ред. Загреб и Веспрем имаат по една титула, а македонскиот првак атакува на трета. Манасков и Стоилов се обратија за овој настан преку јутјуб каналот на СЕХА лигата.