Таг: стендап

Бразилски стендап на денот

Само во Бразил го има ова. Во Рио на Копакабана.

Смртта на мејнстрим комедијата

Лу Перез на тема како освестеноста ја убива комедијата - и како новата генерација комичари можат да ја спасат.

Шулц го објави на Јутјуб најдобриот стендап за годинава

Ниту ги имаме гледано сите стендапи што излегоа до сега, ниту ќе ги изгледаме сите што ќе излезат до крај на годинава, ама насловот и понатаму држи, „Infamous“ е најдобриот стендап што се појави годинава, и сега го имате беспари на Јутјуб.

А ова си ти кога го браниш твојот Андроид

Би ставиле во наслов и Ајфон наместо Андроид, ама корисници на Андроид далеку повеќе се палат околу телефоните. (Освен тие што решиле дека се исплати да продадат бубрег за да имаат Ајфон, и мислат дека имаат светиња во џеб.)

20 најдобри стендап шоуа на сите времиња

Стендап-от (во Америка) почнува да добива на популарност некаде кон крајот на 70-те. Во тоа време специјалкитe се сметаат за врвното достигнување на секој комичар. Така останува и до денес (со малку разнишан статус на "врвноста" на секое стендап шоу). Ова се 20-те најдобри, некои ги имаме комплетни, од некои само исечоци, па ќе треба да ги побарате по торенти.

За туѓи бели скечеви

Маркс веројатно не можеше да претпостави дека класната борба најсериозно ќе ја сфатат оние кои заработуваат од тоа со луѓето да тераат мајтап.

Како да се расправаш со жена и да победиш

Жените во расправија се комплетно логични и до крај ја тераат целата дебата на конкретната тема - ако се во право. Ако не се, тогаш расправата се расплинува, таа ќе ти каже нешто лошо, ти ќе и кажеш нешто уште полошо и на крај завршуваш поразен. Фората е да знаеш точно, крајно прецизно, во стотинка од секунда, да забележиш кога ќе изгубат и после сè е твое.