Таг: серхио агуеро

Првиот Фејв на Твитер на Серхио Агуеро

Напаѓачот на Манчестер Сити има близу осум милиони следбеници на Твитер, твитнал околу 3.700 Твита и следи околу 116 луѓе на оваа мрежа. Од почетокот, па до сега фејвнал само еднаш и тоа вчера.

Граѓаните сакаат да слават 9-ти пат по ред

Пред дуелот против ВБА во петок, Мануел Пелегрини изјави дека неговата екипа го достигнала врвот на формата годинава и по осум победи по ред сака да го изедначи и урне рекордот од 2011-та година кога беа шампиони.

Зимска трка за првото место во Премиер лигата

Сезонава трката за првото место стана поинтересна отколку што се очекуваше. Челси ќе се обиде да ги одбие нападите на двата клуба од Манчестер, кои фатија приклучок со врвот.

Премиерлигашки мерак за очи

Во најдобрата англиска лига досега се одиграа 15 кола. Челси е прв, а зад него се двете екипи од Манчестер. Прв стрелец е Серхио Агуеро со 14, а зад него се Диего Коста со 11 и Алексис Санчез со 9 погодоци. Ефектни голови паѓаа од коло во коло, а колекцијата на најубавите трае 11 минути, колку што трае и меракот.

Опавчето на Паласио и поранешниот зет на Марадона

Вчера дознавте за занаетчиското средно школо на Манџукиќ, големото срце на Срна и мисицата на Ковач. Сега ги имаме најинтересните куси стории за Аргентинците кои за малку ќе го немале во напад голгетерот Игуаин.

Зошто вакви?

Идејата за дизајнот е на Пума, а храброста да ги облече е на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Се зборува дека со исти вакви копачки на тренинг парадирал и Радамел Фалкао, а и двајцата ќе ги носат на следните натпревари.

Агуеро им направи зијан на обложувалниците

Голот на Серхио Агуеро со кој Манчестер Сити ја освои титулата, ги „ошури" британските обложувалници и за нив тоа е најскапиот гол во историјата на Премиер лигата.