Ако мислевте дека Скудето, Ла Лига, Лига на шампиони, Копа Либертадорес, Златна Топка, Мундијал, Куп на Конфедерации и Копа Америка е врвно достигнување, тоа значи дека не ја знаете добро приказната за Роналдо де Асис Мореира, познат како Роналдињо.
Почна во Гремио во 1998-ма, а со професионален фудбал заврши во Флуминенсе во 2015-та. Од тогаш игра на егзибициски и хуманитарни натпревари, а денеска брат му соопшти дека и официјално му става крај на спортот во кој беше крал.
Во летото 2003-та, Роналдињо премина во Барселона и на „Камп Ноу“ одигра неколку фантастични сезони (посебно 2005/2006), и како да нè спреми за јавлението на Лионел Меси.
Пекол, чистилиште и рај се трите света низ кои поминал симпатичниот висок Бразилец Жо, центарфор кој играше за ЦСКА Москва и Манчестер Сити а од пропаста го извлекол Роналдињо.
Роналдо, Роналдињо, Робињо, Кака, Адријано, Роберто Карлос...Колку тоа звучи бразилски. Овој епски состав играше самба и во соблекувална и на терен. Одиме.
Изминативе 7-8 години, па и повеќе навивачите на Барселона уживаат во дисциплините слалом и велесласом кои се специјалност на Меси. Некое време претходно на противниците во Шпанија топката им ја криеше еден друг Јужноамериканец.
Бразилската икона заврши со професионално играње фудбал во 2015-та како фудбалер на Флуминенсе и сега се префрли на футсал во Индија каде ги дроби како мали деца. Натепа веќе 37 години, ама па што се 37 години за него, неговата класа е перманентна. Од хет-трикот, за издвојување е моментов како го прелажа кутрово голманче.
Пирло, Михајловиќ, Рожерио Сени, Бекам, Роналдињо, Маркос Асунсао, Жунињо Пернамбукано, Зико, Рамбо Петковиќ и Марелињо Кариока важат за најдобри изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.
Во очекување на некој хит трансфер за ова лето, одиме со оние кои ќе беа или звучат најапсурдни. Каде ли ќе беше сега Меси и дали ќе беше тоа што е сега, ако во 2002-ра година потпишеше за Комо? Истото важи и за другите.
Селекциите на некои земји од Светските првенства едноставно не се забораваат. Таква беше онаа на Бразил, силна, славна и култна која те мами да навиваш за нив. Покрај популарните тројца во напад ги имаа Кафу, Лусио, Жилберто Силва, Дида, Кака. Генерација на која секогаш ќе се навраќаме.
Атлетико Мадрид одигра егзибиционен натпревар против збирштина на неколку легендарни фудбалери. Акциите одеа бавно бидејќи некој се појави со пивски стомак, а друг со коса снешко белич. Како и да е, фино е да се ѕирне оваа голеада во која некои работи се по старо, како на пример асистенцијата на Роналдињо и голот на легендарниот голман Рене Игита.
Во Бахреин ФИФА ги собрала некои од најголемите ѕвезди во фудбалот со цел да одиграат некој ревијален дуел од хуманитарен карактер. А таму Роналдињо...
Фудбалерите прават милиони од играње фудбал и кога ќе треба да прават трансфер, некогаш знаат ептен да претераат па бараат авиони, хеликоптери и лични шофери како да се претседатели. Ова се дел од играчите кои изводеле кога преговарале за премин во друг клуб.
Легендарниот Бразилец кој денес полни 37 години дебитантскиот гол за Барселона го постигна на 3. септември 2003-та година против Севиља. Ја зема топката од својата половина, направи слалом меѓу противниците и со бомба од преку 30 метри постигна маестрален гол. Од тој момент не престана да блеска во тимот од Камп Ноу.
Едно од осминафиналињата во сезоната 2004/2005 во ЛШ беше она меѓу Барселона и Челси по кое Сините отидоа понатаму со вкупни 5:4. Но зарем може некој да го заборави ова ремек дело на Роналдињо кој играше самба на Стемфорд Бриџ. Се случи на денешен ден.
Дриблингот на Кристијано Роналдо против Еспањол беше инспирација некој да седне и да направи компилација од потези со тоа типично изместување на играч, својствено за Роналдо и Роналдињо. Колку само моќно изгледа видеово со двајцата цареви.
Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...
Дека на Каталонскиот тим му недостига смешкото кој од шала даваше голови и играше самба еден против двајца, докажува тоа што токму него го назначија за амбасадор на Барселона. Тешко дека има таков на кој не му недостигаат магиите кои ги правеше, па затоа ќе се потсетиме на последната додека беше во топ форма.
Голот од слободен удар, ама со вакво обратно ефе е реткост. За фудбалерите е многу тешко да погодат, а за голманите е сосема неочекувано изненадување. Синоќа успеа не меч во Мексико, а ние се потсетивме на СП 2002, кога Роналдињо го закопа Дејвид Симан од уште подалеку.
Тони Крос честиташе Нова година со смешна слика каде наместо 2017 стојат знамињата на Бразил и Германија кои го симобилизираа дебаклот на „кариоките“ на Мундијалот. Легендарниот Роналдо доседливо му одговори со знамиња и го потсети на 2002-ра.
Неколку НБА ѕвезди меѓу кои Коби Брајант и Кевин Гарнет си напишаа писмо сами на себе. Трендот го продолжи Роналдињо на кој освен нозете, одлично му работи и перото. Ова е неговиот фудбалски пат раскажан хронолошки со многу емоции и со две пораки: насмевка и слободно играње фудбал.