Го формираа работници на фабриката Филипс во 1913-та, а денеска со него се гордеат околу 340.000 жители на Ајндховен. Клубот стана 22-кратен првак на Холандија и европски шампион во 1988 година. Дресот го облекога играчи како Роналдо, Ромарио, Куман, Гулит, Стам и Ван Нистелрој, а фудбалската приказна за ПСВ најдобро ќе ви ја раскажат навивачите, играчите, тренерот Коку, туристичкиот водич на стадионот и човекот кој се грижи за нивната опрема.