Таг: пенал

Пенал со вртоглавица

Мижиш, топката ја држиш со рака и вртиш 13 круга околу неа. Крајната цел е да шутнеш пенал, по можност прецизно. Сте пробале?

Двајца се караат, голманот користи

Во кинескиот клуб Гижу Ренхе или не се договараат кој да биде пеналџија во тимот или капитенот нема авторитет. Криштоф Мачински ја зема топката за да го изведе ударот од 11 метри, но инает му тераше Рикардо Сантос. Од ситуацијата профитираше противничкиот клуб Шангај Шенксин.

Грчкиот пенал во кинеска верзија

Третата грчка лига не била единствената каде се судат апла непостоечки пенали. Ќор со сила се направи и судија во натпревар од ФА купот во Кина.

Пенал подарок на грчки начин

Добро е што некој го снимал третолигашкиот грчки меч меѓу Каламата и Ачаики, инаку ќе ја пропуштевме можноста да видиме како се суди пенал кога некој сам ќе се фаулира.

Тренирање пенали со зашеметен ум

Да, баш така треба да звучи описот за видеото на кое младинци од трета австриска лига вежбаат пенали. 

Ваков те сакаме и против Македонија

Македонија и Австрија денеска играат меч за втората позиција во нашата група на СП Катар, а ние силно ќе навиваме пеналите да им ги изведува Раул Сантос кој вака нишанеше против Иран.

Пеналџија кој не беше планиран

Видеото е старо, но неповторливо, а се случи во Русија на мечот меѓу Сатурн и Спартак Москва. 

Внимателно со „парадиња“ пеналот

Изведувањето на ударот од 11 метри под називот „парадиња“ е пред да шутнеш да земеш долг залет за да го измамиш голманот и да го натераш да се фрли предреме, по можност на погрешна страна. Нејмар успешно го изведе во осминафиналето против Чиле, а го вежба и пред мечот со Колумбија.

Пенал финта со сопка

Адубареј од репрезентацијата на Малдиви го изведе најсмешниот пенал на натпреварот против Авганистан. Не сме сигурни дали е според правилата, но глупирањето му се исплатеше и тој успеа да го совлада збунетиот голман.

Морати: Судиите се плашат да ни свирнат пенал

Интер синоќа одигра само 0:0 на домашен терен против Удинезе, а покрај слабата форма, во корист не им одат ниту судиските одлуки.

Каде да ти шутнам?

Невообичаена сцена на австралиското дерби помеѓу Сиднеј и Вестерн Сиднеј Вондерерс. Хрватскиот голман од редовите на Сиднеј, Ведран Јањетовиќ му кажа на противничкиот фудбалер, Марк Бриџ каде да му шутира, а тој го послуша и се зезна.

Пеналџија на денот

Во финалниот меч од Лига купот во Тајланд, фудбалерите на Утарадит загубија во пенал серијата со 4:3 од Сингтаруа, а најтешко ќе му биде на овој несреќник за кој нема утеха после ваков шут.

Пеналите не се купуваат со пари

Ударите од белата точка често пати се тема за расправии во која помалите клубовите ги обвинуваат гигантите со образложение дека имаат моќ и авторитет кај судиите кои полесно носат одлуки во нивна полза. Но првиот дел од сезоната не го потврдува баш ова.

Најлошите пенал утки

Најстрогата казна во фудбалот не секогаш е гаранција за гол. Дури и големи фудбалски имиња знаат да се посрамотат од белата точка.

Копија на „Пирес-Анри“ пеналот

Роберт Пирес и Тиери Анри се „прославија" во 2005-та година со неуспешниот обид за копија на пеналот на Кројф, а уште понеуспешна копија имаа двајца фудбалери на австриски нисколигаш.

Анти-паненката на Пато

Не само што Пато се посрамоти со пеналот кој му го одбрани Дида, неговиот поранешен соиграч од Милан, туку и неговиот Коринтијанс го чинеше елиминација од четврт-финалето на бразилскиот куп од екипата на Гремио.

Најлошиот ракометен пенал

Кутриот Александер Семиков од Запорожје на натпреварот против Веспрем го изведе убедливо најлошиот пенал во историјата на ракометот.

Меси, Ибра и Роналдо се подобри пеналџии од Балотели

Изведувањето на пенали не е само шутирање со „пуна" каде ти дојде. Тоа е уметност за која фудбалерот треба да поседува вештини. Некои играчи се имаат усовршено во ова, но спротивно од општото мислење, Балотели не е најдобар пеналџија во последно време.

Театарот на Балотели

Фудбалерите на Ајакс се бунеа за пеналот со кој Милан извлече бод, но најверојатно не биле запознаени со правилото дека секое паѓање на Балотели во последните минути автоматски значи пенал.

Среќа во несреќа

Го имаме кандидатот за најлуд пенал на сезоната. Тој е дело на Глен ван дер Линден од белгискиот второлигаш Мускрон чиј удар од белата точка беше одбранет, но потоа тој си ја намести топката за ножички и постигна убав гол.

Балотели утна пенал!

И тоа се случи! Марио Балотели го промаши првиот пенал во својата сениорска кариера. Јунакот кој го одбрани првиот пенал по 20 успешни реализации во серија е Пепе Реина при победата на Наполи на гостувањето кај Милан од 1:2.

Најголемиот мудрец од белата точка

Марио Балотели и понатаму умешно ги мами голманите. Викендов на дуелот од третото коло во Серија А го спаси Милан од пораз дури во 97 минута и стигна до дваесеттиот пенал во низа. Статистиката покажува дека никогаш не ги шутира во средината од голот.