Уште еден судија на кого ќе му дадеме упат за на очно за да си го провери видот. Судијата на натпреварот од втората белгиска лига помеѓу Ројал Антверп и Гел, им подари пенал на гостинските фудбалери во последните моменти од продолжението. Бонус - голчиштето на домаќините.
Навивачите на фудбалскиот клуб Сараево го избркаа од тимот напаѓачот Ален Мелуновиќ кој промаши пенал по што неговиот тим беше елиминиран од Лига Европа од страна на албанскиот Кукеси.
Одлучувачки пенал на државно првенство за средни училишта во САД. Голманот го брани ударот и почнува да слави, но не ја применува чудната ротација на топката.
Уште една комична сцена од казахстанскиот фудбал. Овој пат на „македонското дерби" помеѓу Тобол на Никола Тонев и Астана на Филип Ивановски. Домаќините победија со 5:1, а еден од головите беше постигнат од пенал, но со многу мака.
Тетекс го совлада Силекс со 2:1 во дербито на дното од македонската Прва лига, а домаќините може да слават и повисока победа, но Владимир Секулоски - Љаки со ударот од белата точка за малку ќе ја префрлеше и трибината на стадионот во Тетово. Серхио Рамос може вода да му носи.
Фудбалските аналитичари со години се обидуваат да ја откријат тајната за успешно изведување на пенали, а таа била толку проста. Германски научници тврдат дека тајната е во стисната тупаница на левата рака.
Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија, а моментално член на австриски Салцбург, Џонатан Соријано на натпреварот против Рапид Виена го изведе еден од најлошите пенали на сите времиња. Ова е сериозна конкуренција на пеналот на Рамос.
Група фудбалски аналитичари направија истражување кое најверојатно тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го немал прочитано, па затоа Петр Чех им ги „прочита" пеналите на финалето од Лигата на шампиони.