Таг: папу гомез

Конфликт во Аталанта, Гасперини и Папу Гомез со тепачка ја нарушиле атмосферата

Според информациите од Италија, на мечот со Мидтјиланд во Бергамо на 1. декември, лидерот на Аталанта Папу Гомез не слушал некои совети од тренерот Гасперини, по што овој го извадил на полувреме. Наводно се степале во соблекувалната.

Кое играчиште е овој Гомез, само за голчишта го бива

Нова сезона, нов импресивен старт на Аталанта која деби сезоната во ЛШ ја заокружи со сензационално четвртфинале. Еве ги повторно со експлозивен старт уште во првото коло против Митјиланд на гости, каде имаат 0:3 за само едно полувреме. Папу Гомез ја искина мрежата.

Јувентус буквално не се спои со топка против Аталанта, па освои бод со 2 пенали

Според статистиката фудбалерите на Јувентус во првиот дел точно 8 минути и 10 секунди не ја пипнале топката на противничка половина а 11 минути и 34 секунди таму немале ни додавање.

Кога Чоло Симеоне со 12 Аргентинци во Катанија го скроти Јувентус

Никогаш претходно и никогаш подоцна еден тим во составот немал толку многу фудбалери од странска земја, како екипата од јужна Италија во таа 2006-та.

Капитенот на Аталанта: Страшно е тоа што одигравме меч во ЛШ со 45.000 навивачи

Осминафиналниот натпревар не се играше во Бергамо, но една третина од овој мал град беше на Сан Сиро и сега се најпогодени во Италија. За противник ја имаа Валенсија, каде една третина од клубот се заразени.

Необична тактика на Папу Гомез - се отвора каде што оди судијата

Фудбалска вест на неделата е триумфот на Аталанта над Валенсија од 4:1. Еден од хероите на мечот беше Аргентинецот Алехандро Папу Гомез, лидер на тимот и најдобар асистент.

Уште едно признание дека ова е сезона на Аталанта

Со историски: трето место, пласман во ЛШ и финале во Куп, клубот со најефикасен напад кој им пркосеше на гигантите во Серија А, има тројца играчи на сезоната според Опта. Сè знае за кого се работи, триото Ѕапата - Гомез - Иличиќ. Три има и Наполи, Јуве само двајца, а Интер, Рома и Лацио по еден.

Браво бе мали за приемов

Папу Гомез од Аталанта важи за играчиште во Италија, ама како велат, за да бидеш голем треба да признаеш дека кога нешто е добро е добро. Аплаузи од Аргентинецот за малиот, аплузи од Офсајд за Папу Гомез. И за малиот.

Круша под круша паѓа

Бергамашите го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Купот на Италија и после 22 години се пласираа во полуфиналето каде ќе го чекаат подобриот од мечот Јувентус - Торино. Аталанта славеше 1:2 а вториот гол го даде Папу Гомез чијшто син знаеше како тато ќе го слави голот.

Како Папу од Аталанта спрема испит

Најхаризматичниот играч во Серија А сезонава откако направи мега-хит кој стана светски популарен, реши да се посвети на читање книги и учење.