Таг: никола јокиќ

Забавната страна на НБА финалистот Никола

Кевин Дурант за него изјави дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет, а Леброн го нарече ѕвер и рече дека е посебен. А тоа е едно така едноставно и скромно момче, што сака да јава коњи и да се забавува под кошевите. 

Совршено несовршениот шут на Џокер

Бошко Караџа, одличен познавач на НБА лигата, кој беше дел од Јутјуб подкастот „Стречерси“, преполн со анализи за американската кошарка, има да ви каже неколку поенти за чудото од Сомбор. Посебно за начинот на кој Јокиќ ја постигна една од тројките против Лејкерси на четвртиот и последен меч од финалето на Западот.

Скромноста на Јокиќ кога го прашаа за Ѓоковиќ

Со оглед на тоа што и на двете големи ѕвезди и сонародници им престои можност за освојување на големи пехари, Јокиќ во НБА финалето, а Ѓоковиќ на Ролан Гарос, Џокер доби прашање дали ќе се слушнат со Новак. Одговори прескромно.

Што е со тројкиве на Јокиќ?

Не се чува овој човек. Кога мислиш дека на тој габарит кој делува тромаво треба да му најдеш чаре во рекетот, тој ќе те изненади со нешто друго или скроз трето. Погледнете му овие две тројки. Каква е оваа храброст и дрскост? Ги шутира како за добро утро. Неверојатен лик за кој Кевин Дурант отворено кажа дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет.

Денвер ги збриша Лејкерси за историско финале, нов трипл дабл на Јокиќ и МВП награда

И покрај тоа што за едно полувреме им дадоа 73 поени од кои 31 беа на Леброн и водеа 15 разлика, Лос Анџелес Лејкерс едноставно во оваа финална серија не можеше да излезе на крај со Јокиќ и другарите.

Една е ќерка

Колку и да се губи меѓу големите, не можеш да го промашиш, твое си е. Никола Јокиќ после втората победа против Лејкерси во финалето на Западот.

Нова лекција на Јокиќ со трипл дабл, Денвер - Лејкерси 2:0

Нагетси ја одбранија и втората битка на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс пред серијата во финалето на Западот да се пресели на гостински терен. Импресивни 23 поени за Мареј во последната четвртина.

Шек и Баркли му дадоа нов прекар на Јокиќ

Легендите Шекил О’Нил, Кени Смит, Чарлс Баркли и Ерни Џонсон секоја емисија од уста не го видат Никола и на најновото издание го нарекоа Супермен.

Трипл дабл број 12 во плејофот за Јокиќ, Денвер - Лејкерси 1:0

Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.

Луда тројка на Јокиќ како од шала

Ќе речеш на центарот работа му е да се рова под коша, ама нема, тоа е Јокиќ. Во еден момент е Шек, во друг Кари. И самиот рече дека шутов е луд на кој не е дека работел.

Нова ѕверска партија на Јокиќ и нов трипл дабл за финале на Денвер

Толку требаше. Само два дена откако ги растури дома, им отиде на гости и им ја заврши сезоната. Јокиќ го врати Денвер во финалето на Западната конференција по пауза од три години.

Тренерот на Денвер: Најважното и најимпресивното кај Никола е тоа што е многу скромен

Со врвната кошарка во последниве три месеци, Јокиќ стана шести играч во историјата на НБА со 100 трипл дабл учиноци во кариерата. Големиот подвиг го смести во страшно друштво со Расел Вестбрук, Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Леброн Џејмс. 

100 секунди лекции по кошарка од 100-от трип дабл на Јокиќ

Со 14 поени, 11 скока и 10 асистенции против Хјустон Рокетс кој Денвер го доби со 133:112, Никола Јокиќ стигна до 24-от сезонски трипл-дабл и јубилеен 100-ти во кариерата. Неверојатен лик. Како сака им ја игра кошарката на Американците.

Елегантни поени на Јокиќ на 16 секунди до крај вредни победа за Денвер

Нема одбрана што може да го сопре Никола Јокиќ. По два меча пауза се врати на паркетот и му донесе триумф на својот тим со нов трипл дабл кој му стана рутина.

Јокиќ стигна до 90-ти трипл дабл и стана најдобар асистент во историјата на Денвер

Уште не сме го допишале вчерашниот текст за неговиот блескав настап, ете ти нов. Никола Јокиќ граби кон ново трето МВП признание во низа. Не е нормален како игра.

Што му порача Јокиќ на Бол Бол ако пак ја забие преку него?

После шоуто на терен каде го реши Орландо со 17 поени, 14 асистенции и 9 скока, и пред сè со шут за тројка, вредна победа, Никола Јокиќ направи шоу и на пресот и ги насмеа новинарите во врска со забивањето на 218 см високиот Бол Бол.

Нов трипл дабл на Јокиќ и божиќна честитка на српски

Трипл дабл број 10 за Никола Јокиќ сезонава и вкупно 86-ти во кариерата. Новата жртва е Кливленд, против кој Денвер славеше со 121:108. Со овие 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции, Србинот стана само четврти играч кој успеал да постигне минимум 10 трипл дабл учиноци во шест сезони. Другите тројца се Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Непредвидливоста на Јокиќ под кош

24 поени, 7 скока и 9 асистенции за Никола Јокиќ против Минесота од која Денвер загуби со 124:111. Потегот број 1 на мечот го има Србинот. Тој знае каде се позиционираат неговите. Не треба да гледа.

Рекордниот трипл дабл во историјата на НБА за Божиќ е дело на Јокиќ

Ново МВП издание на Никола Јокиќ кој не застанува да импресионира. Со моќната партија против Феникс Санс го бележи третиот трипл дабл во само една недела и 83-ти во кариерата. Нагетски се први на Запад.

Како изгледаат рацете на Јокиќ по последниот трипл дабл?

40 поени, 27 скока и 10 асистенции против Шарлот Хорнетс за 81-ви трипл дабл. По три дена, 13 поени, 13 скокови и 13 асистенции на дербито против Мемфис Гризлис за 82-ри трипл дабл. Вака изгледа жртвата за тимот и личните дострели за да стигнеш до рекордите на легендарниот Вилт Чемберлен.

Каков лик е Јокиќ, Џејсон Кид не го правеше ова

Кога отспа, кога се одмори и кога успеа да се врати на паркетот и тоа со нова победа, трипл дабл и повторно нов рекорд во друштво на легендарниот Вилт Чембрлен. Каква е оваа асистенција Никола?

Монструозен трипл дабл на Јокиќ, невиден 54 години во НБА

Додека Аргентина и Франција играа чудесно финале во Доха, српскиот кошаркарски ас направи нова чудесија во НБА која ќе остане запишана во историјата.

Луда завршница меѓу Денвер и Портланд со Јокиќ и другарите

Кошаркарите на Денвер и Портланд приредија игра на нерви во последните 3 минути во кои водството се смени дури осум пати и паднаа четири тројки. Драмата ја реши Џамал Мареј со тројка во последната секунда и постигна вкупно 21 поен, а Никола Јокиќ имаше ново блескаво издание со 33 поени, 10 скока и 9 асистенции. Нагетски победија 121:120.

Јокиќ и на газот има очи

Нова НБА сезона, нови уникатни потези на двократниот МВП, кои се одраз на неговата интелигенција. Денвер го реши Голден Стејст со клучно тачдаун додавање на Србинот во финишот од мечот.