Таг: навивачи

Неверојатна турска кореографија

По кореографијата на натпреварот против Бешикташ пред 2 месеци, навивачите на Галатасарај се надминаа себеси со уште една неверојатна кореографија пред натпреварот со Фенербахче.

Јуве ја преслуша Рома и се доближи до Скудетото

На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.

Смрдливо навивачко изненадување

Навивачката креативност нема граници кога е во прашање понижувањето на противникот. Доказ за тоа е една луда идеја на хрватски навивачи.

Играте ко инвалиди!

Навивачите на аргентинскиот клуб Расинг на многу оригинален начин го искажаа своето разочарување од слабата форма и лошите игри на нивните фудбалери.

Мексиканско навивачко нокаутирање

Мексико ја победи Канада со 3:1 и избори пласман на ОИ во Лондон, а втората победа се случи на трибините каде мексикански навивач нокаутираше двајца противници.

Луди руски навивачи

Навивачите на Спартак Москва воопшто не го сакаат Зенит. Колку го мразат противникот покажаа на свој уникатен начин.

Еве го голот!

Откако нивниот тим не постигна гол на пет натпревари, навивачите им покажаа каде се наоѓа противничкиот гол.

Полн погодок

Фудбалерите на Спартак беа попрецизни од своите градски ривали и го совладаа Динамо со 1:3, но и навивачите на Спартак се покажаа како многу прецизни.

Навивачите на МЗТ не се навикнати на пехари

Славјето на навивачите на МЗТ Скопје по освојувањето на кошаркарскиот Куп на Македонија беше огромно. Тие 12 години му се немаат радувано на ваков трофеј, па најверојатно заборавиле како се ракува со пехари. Желбата да се подигне пехарот беше преголема, па во целата еуфоријата настрада едната рачка.

Хулигани фатени во тесно

Навивачите се млатат на стадион, пред стадион, на улица... а немаат проблем да се скршат од мавање и на ескаларот во метро.

Огнено дерби во Атина

Атинското дерби помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос дури и без гостински навивачи изобилуваше со инциденти и не го доживеа крајот.

Проблем? Јок проблем!

Погледнете како турските навивачи одговорија на забраната за пиротехника на фудбалските натпревари.

Распродаден празен стадион

Навивачите на Динамо Дрезден ги купија сите 32.066 влезници за натпреварот од германската втора Бундеслига против Инголштад и покрај тоа што не можеа да присуствуваат на мечот заради суспензијата од Фудбалската федерација.

Нешто добро од Турција

По сите оние турски серии, од оваа земја ни пристигна и едно убаво видео.