И покрај тоа што настапи ослабена без Влаховиќ, Митровиќ и Милинковиќ Савиќ, како и пензионираниот Тадиќ, Србија во првиот меч од Лига на нации извади 0:0 против големиот фаворит Шпанија. Во првиот дел тимот на Пикси можеше и да поведе, но напаѓачот на Милан утна нешто што не смее да си дозволи да го промаши, особено не против европски првак.