Сагата со Меси го привлече целото внимание на себе, иако Аргентинецот не е единствен играч на Барселона кој летово беше и уште е под знак прашалник. Каталонија сигурно ја напушта шпицот кој одбележа една ера на „Камп Ноу“.
Уругваецот Луис Суарез е пред вратите на Јувентус каде би дошол откако новиот тренер на Барселона Роналд Куман решил дека за шпицот со богато искуство нема веќе место во тимот.
Кај што е генијалец, па уште е и итар. Цела тим на Селта влезе во шеснаесетник за да го спречи неговиот слободен удар и цела планета мислеше дека ќе шутира. Но мајсторот на фудбалската игра од нетипична ситуација за асистирање, го најде Суарез на втора.
На 8 декември лани, Барса ја пречека Мајорка на „Камп Ноу“ и на тој меч Меси постигна хет-трик ама славата ја собра Луис Суарез по една неверојатна акција. Голов е еден од најубавите во кариерата на Уругваецот, особено што падна после страшна акција на Каталонците.
На Копа Америка 2019, големо дерби Чиле против Уругвај. На теренот ѕвезди како Форлан, Кавани, Суарез, Алексис Санчез, Видал, Клаудио Браво. Во еден момент од првиот дел, Суарез пробува да го зезне Браво па уште и бара играње со рака од него.
Како што играше во Ливерпул ниту на едно друго место не играше. Ги решеташе противниците буквално од викенд во викенд. Без разлика дали играа против Манчестер Јунајтед, Сити, Арсенал, Челси или Саутенд во Купот, Уругваецот го радуваше КОП.
Голманот на Мајорка 5 пати ја вадеше топката од својата мрежа. Лионел Меси со 3 убави гола и нов хет-трик ја прослави Златната топка, ама моментот на вечерта го „украде“ Уругваецот.
Барса ја издоминира Борусија Дортмунд и после првите 45 минути имаше 2:0 со головите на Суарез и Меси. Овој првиов во еден момент ненамерно го опна судијата со топка и го кутна на земја.
Во Тел Авив многу интересен меч одиграа Аргентина и Уругвај. Паднаа четири гола и сите четири ги дадоа великани на јужно-американскиот фудбал: Кавани, Суарез, Агуеро и Меси. Оној на Лучо беше некако нај.
Не е никаков проблем што не му оди на Меси со голови, кога Барселона има ваков Суарез. После пресвртот над Интер, продолжува со евроголови и против Севиља која за 8 минути попи три парчива во прво. Одиме со акбробацијата број 1 за овој викенд. Во стилот на Пеле или Марко Ван Бастен, како сакате.
Интер ја стави Барселона во шише, ама не успеа да ја одржи предноста. Мартинез го отвори резултат во 3 минута, а потегот на вечерта го имаше Суарез во 58 минута. Г о л ч и ш т е.
Меѓународниот Куп во САД кој завршува на 10 август, знае да извади јаки моменти од минатото. Погледнете како пред 4 години Луис Суарез ја легна одбраната на Челси со се голман. Џабе се исчаши тој што фати да ја вади од гол линија.
Барселона го совлада Арсенал со 2:1 и го освои трофејот „Жоан Гампер“. Мечот го реши Луис Суарез со голчина во 90-та минута. Не е ова некој јак волеј, ама потегот е многу фудбалски. Акробација на прва, без да го гледа голот.
После преку 100 меча во претходните сезона и кусур, по напорната Копа Америка, Меси и Суарез заслужија да одморат душа пред почетокот на новата сезона. На Ибица во парови со жените, а со нив и Сеск и Алба со поубавите половини.
Луис го промаши клучниот пенал во четвртфиналето на Копа Америка меѓу Уругвај и Чиле и плачеше по крајот од мечот. Нејмар во меѓувреме јавно го поддржа со порака, а сè погласно се зборува дека Бразилецот ќе се врати на Камп Ноу од ПСЖ. Ама кој да знае...
Од очај што му ја одбрани или по грешка, кој го знае од што, Луис Суарез бараше пенал од судијата затоа што голманот на Чиле му го прочита додавањето со рака. Цепки. Инаку Уругвај го совлада Чиле со 1:0 и во четвртфинале одат заедно од групата Ц.
Ветуваше неколку часа пред мечот дека ако даде гол нема да се радува на „Енфилд“ каде играше со години и го сакаа како свој. Изјави како многу му е мило што се враќа на местото каде се прослави и уште многу дрн-дрн јариња. А како се однесуваше на „Камп Ноу“ каде глумеше, иритираше и вршеше притисок за жолти картони на противниците, таков беше и на „Енфилд Роуд“.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра стандардно за турскиот гигант Фенербахче и е меѓу подобрите во тимот. Во текот на неделата Елмас на Твитер го објави подарокот кој го добил од Луис Суарез, дрес со автограм и посвета, најверојатно благодарение на Мартин Шкртел кој со Уругваецот играше во Ливерпул.
Ај што сезонава нема постигнато ќорав гол во ЛШ, туку и делува некако целосно изгубен на терен. Доцни, не додавава прецизно, лесно губи топки, како да е во некој дисбаланс. Катастрофална компилацина на грешки од неговиот гостински меч во Франција.
За напаѓач од негов калибар ова е еден голем и несфатлив пад кој најдобро може да ви го доловиме преку бројки. До 2016-та година Суарез дал 15 голови во ЛШ за Барса, а од тогаш до сега само бедни 4, а 2019-та сме. Гостинската реализација пак подобро да не му ја гледате. Таму го нема.
Минатата недела Барселона изгуби 2-0 во првиот меч од четвртфиналето на шпанскиот Куп. Синоќа на „Камп Ноу“ ѕверски ѝ вратија на Севиља со 6:1. Два даде Кутињо, а по гол Ракитиќ, Серџи Роберто, Суарез и Меси. Лео постигна гол после неверојатна контра.
„Уругвајските корени ме научија никогаш да не се предавам, а холандската школа ме научи да размислувам“, вели Уругваецот кој сите соиграчи каде што играл го паметат по страшната спремност да „изгине“ на терен со што ги заразувал и другите да бидат борбени како војници.
Отсуството на најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси не се почуствува ама баш воопшто на Ел Класико, затоа што Луис Суарез направи шоу со хет-трик и прославите на погодоците.
Франција ја совлада Хрватска со 4:2 и стана светски шампион, а напаѓачот на Французите Антоан Гризман после мечот на прес се нагрна со уругвајско знаме кое му го даде новинар од оваа земја.