Обвинетата: Друже судија, собирав бонови за храна затоа што бев невработена. Обвинителот: Ама доби ли во кеш 735.000 долари на лотарија? Обвинетата: Па, да.
Додека Американците чекаат да се појават добитниците на рекордниот џек-пот, некои поранешни инстант милионери се доказ дека и по ова пак се не оди како што треба.
Некој ќе лапа 640 милиони долари колку што изнесуваше рекордната лото добивка во САД (изгледа тројца ќе ги делат парите). Статистички, шансата да се добие оваа премија изнесуваа 1 на 176 милиони! Што сé е поверојатно да му се случи на еден Американец?