Таг: лидс јунајтед

Нов гол на Алиоски, Лидс игра фантастично

Езџан Алиоски игра во животна форма под водство на Марсело Биелса. Откако постигна ефектен гол минатото коло, Алиоски денес одново беше прецизен и му донесе на Лидс водство од 0-2 на гостувањето кај Норич.

Игра Лидс како Барса

Три кола, три победи, девет бода. Почетокот на сезоната на Лидс Јунајтед под воство на Марсело Биелса е неверојатен. Дадоа девет гола а примија само два. Ветеранот го препороди клубот за кој игра нашиот Езџан Алиоски.

Фантастичен почеток на Алиоски, гол и асистенција

Македонскиот репрезентативец Еџзан Алиоски го постигна својот прв погодок за Лидс сезонава. По асистенцијата за 1-2 на гостувањето кај Дерби чиј тренер е Лампард, Алиоски даде убав гол со глава за 1-4 и три бода за тимот на Марсело Биелса.

Алиоски во трка за наградата играч на годината во Лидс

Пабло Ернандез, Саму Саиз, Тоби Није и Кемар Руфи се конкурентите на нашиот репрезентативец Езџан Алиоски за признанието најдобар играч на сезоната во Лидс Јунајтед. Популарниот Џани е меѓу милениците на навивачите.

Валканата Барселона во ЛШ

Не зборуваме за Меси, Иниеста и Бускетс, туку за едно друго време со капитенот Јохан Кројф. Ова е пресек од реванш полуфиналето меѓу Барселона и Лидс во 1975-та на Камп Ноу пред 110.000 публика. Каталонците ги гледаме во едно нетипично издание со грди стартови. Малку е чудно што Лидс добија црвен, а не Барса, ама затоа Англичаните се пласираа во финале кое го загубија од Баерн.

Џандарот кој се претвори во навивачки воџа

Навивачите на Лидс имаат силно, униформирано и наоружано засилување и сега никој не смее да ги пипне. Неговата работа е 90 минути да зјапа во нив да не се закачаат, ама тој е цар, бидејќи истовремено знае да си направи како да му биде убаво.

Клубот на Алиоски спрема нов грб, неверојатно бесмислен

Во соработка со навивачите и нивните фан клубови и симпатизери, управата на Лидс Јунајтед наводно се консултирала со 10.000 луѓе, направила 6-месечно истражување и спремни се во наредните 100 години да носат нов грб. Поарно да не го гледате.

Тактиката на Лидс со втор и трет жив ѕид

Фудбалерите на Лидс се во одлична серија од шест меча без пораз во Чемпионшип лигата, а синоќа го совладаа Бартон на гости со пресврт. Момент за одбележување беше голот за израмнување на кој домаќините се изнервираа поради начинот на кој беше подготвен.

Алиоски растура за Лидс

На Џани одлично му тргна неделава во Чемпионшип лигата. За само седум дена постигна три гола на последните три меча за неговиот тим. Лидс денеска славеше 0:2 на гостувањето против Барнсли со два гола во првиот дел. Македонскиот репрезентативец стрелаше во 45-та минута откако му ја собра топката на својот соиграч и со многу чувство ја пласираше топката од работ на шеснаесетникот.

Нова мајсторија на Алиоски и нов гол за Лидс

Само што почна второ полувреме од дуелот против лидерот Вулвехемптон, Езџан Алиоски постигна маестрален гол и го намали резултатот на 2:1.

Интелигентен гол на Алиоски

По пауза од два месеци и кусур, македонскиот репрезентативец се враќа со гол во дресот на Лидс. Неговиот тим загуби на гостувањето кај Брентфорд со 3:1, а Алиоски одлично се снајде во шеснаесетникот откако голманот на домаќините исплива во празно. Навивачите го критикуваа за игрите на последните натпревари и бараа од тренерот денеска да не го става во прв тим. Лидс е 10-ти на табела во Чемпионшип.

На Алиоски и Лидс полиција им кажуваше каде ќе шутираат пенали

Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски го постигна вториот гол во пенал серијата на мечот Барнли - Лидс од англискиот Карабао Куп (Лига Куп). Интересно е што по крајот на регуларните 90 минути (2-2), полицијата проценуваше која трибина зад головите е помалку ризична од навивачите за да се изведуваат пенали.

Навивачка некултура

Фудбалер на Брајтон ни крив ни должен упадна во непријатно друштво кај навивачите на Лидс. Човекот едноставно беше приморан да ја скокне оградата за да избегне евентуална повреда, а тие го пречекаа како да им е најголем душман.

Денот кога Анри се врати и расплаче стари луѓе

На 9. јануари 2012. година, Тиери Анри повторно го облече најсаканиот дрес како позајмен играч од Њујорк Ред Булс. „Тити“ тогаш имаше 34 години, влезе од клупата и постигна гол во негов стил со пласиран шут. Стадионот полуде а некои навивачи и плачеа од среќа. „Не мислев дека ќе се вратам, се вратив. Не мислев дека ќе играм, а играв. Не мислев дека ќе дадам гол, а дадов“, изјави Анри за својот најомилен гол во дресот на „Топџиите“.

Што правел Трамп во англискиот фудбал во ’91-ва?

Во декември 1991. година, идниот претседател на САД учествувал во ждрепката за четвртфиналето на англискиот Лига Куп. Ни крив ни должен, се испоставило.

Хировите на суеверниот Италијанец што го води Лидс

Тренерската професија е најнесигурна работа. Често зависи од тоа дали импулсивниот претседател на клубот станал на лева нога. Ова е приказната за Масимо Челино, суеверниот газда на Лидс Јунајтед кој има по нешто од Џиџи Бекали, Здравко Мамиќ и Ѕампарини.

Возот е идеален за навивачки испади

Според извештајот на британската транспортна полиција, навивачите на Лидс Јунајтед направиле најмногу проблеми во возовите со кои патувале во последниве две сезони. Ништо подобри не се ни оние на Манчестер Јунајтед, како ни навивачите на Ренџерс.

Кога опстанокот не бира големи и мали

Некои клубови понекогаш мислат дека се сигурни прволигаши и дека никогаш не би можеле да испаднат од најдоброто друштво. Сепак историјата го покажа спротивното и тие се дружеа со второлигаши.

Расел Кроу е спасителот на Лидс Јунајтед

Оскаровецот ги праша своите следбеници на Твитер дали би била добра идеја да го купи членот на Чемпионшип дивизијата, за кого навива од младоста. Клубот неколку сезони се соочува со проблеми во управувачкиот сектор, а навивачите со широки раце би го пречекале Кроу.

Фаворитски потоп во ФА купот низ историјата

Викендов во англискиот ФА Куп ќе остане незаборавен, откако Челси, Манчестер Сити и Тотенхем испаднаа од нисколигаши. Брадфорд против Мурињо го направи најголемото изненадување сезонава, по што Специјалниот поединечно му честиташе на секој гостински фудбалер.