Таг: Лезбос

Не може да ти градат бегалски камп ако не им дадеш да истоварат машинерија

Жителите на грчкиот остров Хиос новогодишните празници ги минаа на неколку пристаништа на островот блокирајќи ги товарните бродови да ја истоварат градежната машинерија неопходна за изградба на новиот бегалски камп планиран од грчката влада.

Ја каменувале во Кабул зошто возела велосипед, сега вози на Олимпијада

Без право знаме, химна и грб, на Олимпијадата во Токио не е само Русија (поради суспензија од МОК), туку и олимписката селекција на бегалците. Во Рио 2016 беа 10 спортисти, а сега пораснале на 29 во дури 12 разни спортови.

Еволуција на англискиот во бегалските кампови

Масовните движења на население логично предизвикуваат демографски, но и културолошки промени. Во случајов се работи за еволуција на англискиот јазик на местата каде се концентрираат бегалци, на пример во пренаселениот камп Морија, на островот Лезбос.

Моите 14 волонтерски денови на Лезбос

Многу сакав еден ден да отидам на Лезбос, остров кој се прослави по секојдневните пристигнувања на бегалците по морски пат. Предводена од моето искуство со бегалците дома,  без грам страв каде и зошто одам, се спакував и со еден ранец, сама тргнав по патот на волонтерството.

Таму, за инает на сите политички обоени Грци си кажував дека сум од Macedonia, гордо си ја претставив својата земја и на сите им кажав дека ние барем во едно сме подобри, а тоа се вика подобра храна за бегалците. Вадејќи се дека тие имаат повеќе луѓе, од мене дознаа дека во МК за разлика од Лезбос и другите острови, мора да влезат само на Гевгелија, и затоа нека не се вадат сите оние кои не по своја вина, знаат многу малку за нашите маки. А знаат малку, токму заради нашата недоволно развиена македонска свест.