Двојниот шампион во забивање, Нејт Робинсон долго ќе го раскажува овој потег на третиот плејоф меч помеѓу Чикаго и Мајами. Со своите 175 см успеа да го “залепи“ најдобриот кошаркар во светот Леброн Џејмс.
Најкорисниот играч во НБА лигата и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс нема многу слаби страни, а единствено е „просечен" при изведувањето на слободни фрлања, но работи напорно на унапредување и на ова поле.
Мајами Хит ги победија Бостон Селтикс и веќе 23 натпревари не знаат за пораз, а потегот на вечерта му припадна на Леброн Џејмс и неговото монструозно забивање преку Џејсон Тери. За реакцијата по цепелинот Леброн доби и техничка, но вредеше!
Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.
Леброн Џејмс измами (или што би се рекло во маало „ги прати по бурек") двајца кошаркари на Вашингтон со неверојатен потег во стилот на Харлем Глобтротерс.
Кошаркарите на Мајами Хит ја освоија титулата во НБА лигата по пауза од шест години, а пред почетокот на последниот натпревар од финалната серија против Оклахома, тие добиле мотивација од Леброн Џејмс.
Екипата на Мајами Хит е новиот шампион на НБА лигата. Леброн Џејмс по девет години играње во НБА конечно го освои првиот шампионски прстен и беше најзаслужен за победата од 121:106 против Оклахома со што финалната серија заврши со конечни 4:1.
Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.