Таг: култура

Неверојатното нешто што го правиме додека муабетиме

Разговарањето со други луѓе најчесто се одвива толку спонтано што не забележуваме дека притоа се служиме со една од најголемите човечки вештини - надоврзувањето, со неверојатна брзина, на муабетот веднаш по точката којашто ја става нашиот соговорник.

Културна историја на косата

Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја

Заедничкото опивање и јапонскиот бизнис

При бизнис со меѓународни партнери важно е да се знае нивниот тертип на правење на работите, и тоа, според Бизнис инсајдер, во осум области: комуникација, проценка, убедување, раководење, одлучување, доверба, несогласување и правење распореди. Во Јапонија, сето тоа е полесно со алкохол.

Што значи тоа „по македонско време"?

Она што физиката се обидува да го објасни преку комплицирани формули, јазикот си го илустрира многу едноставно - во англискиот постојат варијанти на еден израз кој го опишува односот кон времето на различни етнички, расни и други групи. Може да се примени и на поединци, кои не фермаат кога некој ги чека со часови.

Најдоброто во културата за 2013

Доволно е тешко двајца да се согласат околу тоа што е „добро", а камоли цел свет да се договори што е тоа што било најдобро во 2013. Еве некаков предлог-список на списоци од различни извори, кои често ги консултираме и на кои им веруваме. 

Добар ден

Некултурата во нашето општество е длабоко вкоренета, да не речам и дека влече традиција од "турско", насекаде ја има, по улиците, по автобусите, во кибер просторот...