Таг: критика

Реакции по повод освртот кон „Снеговите..“

Неодамнешната Букбокс читанка, односно нејзиното издание бр. 172 за книгата на Горјан Петрески, ја „разбранува јавноста", и повлече и поддршка на изнесените ставови, и нивна критика. Издвојуваме некои од нив. 

Рамната снага на Каренина

На Русите не им се бендиса најновата филмувана верзија на „Ана Каренина". Една од причините - Кира Најтли била преслаба.

Подемот на афористичноста, нарцизмот и инфлацијата на зборот

Набргу ќе изгледа претенциозно, елитистички и старомодно да се пишува што и да е со внимание и грижа. Ако сте на Твитер станувате можни соучесници во овој глобален тренд. 

Ни графитите не се она што беа

Нов мурал во Детроит ја претставува смртта на уличната уметност, која според неговиот автор, со прекар SEVER, станала мејнстрим.

Рејдиохед низ детски уши

На неколку деца од отприлика 5-7 години, значи пред школото да им ги затапи сетилата и од нив да направи мали уметнички медиокритети, им ја пуштаат Paranoid Android од Рејдиохед. Нивните осврти кон делото се бесценети, и стварно имаат смисла.

Цинизам за активизам

Slacktivism, или „мрзоактивизам", е термин кој го опишува лажниот онлајн активизам, кој има нула политичко или општествено влијание. Дамир Авдиќ, познат и како Граха, Diplomatz или Босански психо, еден од најжестоките поети-музичари на современата босанска сцена, има посветено песна токму на овој феномен.

Што сè мрази Франзен?

Еден од моментално најпопуларните светски писатели, Џонатан Франзен, навистина е страствен противник на сè што се состои од монитор и тастатура, има пристап до интернет, и работи со eдиници и нули. Подетално, тој се згрозува од: Твитер, смартфони, е-книги, и интернет воопшто.