Како што Букефал е нераскинливо поврзан со Александар Македонски, така Бабиека е подеднакво важен историски лик за Шпанците колку и нивниот национален херој, Ел Сид. Потеклото на неговото име има врска со една легенда.
Во средината на 1880-тите на пристаништата во САД и Канада се организирале претстави чија главна точка била тоа што коњ бил качуван на скокалница некогаш висока и 20 метри, и бил теран да се фрла во водата. Среќа за коњите што денес луѓето имаат поинакви занимации.
За време на фудбалски натпревар од квалификациите за Олимписки Игри за глуви меѓу Украина и Италија прво во 41’ минута на терен влегуваат две интересни кучиња а во 59’ минута од нигде никаде на теренот ете ти го и неговото височество - коњот.
Калигула е еден од најозлогласените ликови во историјата на човештвото - брутален римски император, кој имал инцестуални врски со сопствените сестри, затворениците ги користел како храна за ѕверови и разговарал со месечината. Но во текот на животот сепак направил една добра (и поучна) финта - си го прогласил коњот за висок државен функционер.
„Секое зло за добро“, вика нашиот народ. Но исто така и - „Многу арно не е на арно“. Некаде по истата патека се движи и клатното на среќата и несреќата во оваа древна кинеска приказна.