Таг: интервју

Антидот на културата на Гугл

Марија Попова и нејзиниот блог BrainPickings се фино освежување од доминантните содржини на интернет. Книги, уметност, наука, фино дизајнирано и читливо. Така мислат и 1,2 милиони читатели месечно. Еве што мисли таа.

Како се сука театарска пита?

Белградскиот неделник Време во најновиот број објави интервју со Горан Стефановски по повод премиерата на неговиот најнов текст „Одисеј“ во режија на Ацо Поповски, за која се надеваме дека во догледно време ќе ја видиме и во Скопје. Во извадоците кои ги пренесуваме тој зборува за талкањето, гордиот Балкан, и разликата помеѓу тоа да бидеш информиран и нешто да сознаеш.

12 прашања за Вуди Ален

Роберт Вејд, трикратен добитник на наградата Еми, најпознат по неговите документарци за браќата Маркс, Лени Брус и по соработката со Курт Вонегат, во 2011 прави филм за Вуди Ален. За да не повторува излитени прашања, одлучил да биде креативен.

Дилан против Хрватите (и обратно)

Во мега-интервју за Ролинг Стоун по повод излегувањето на неговиот 35. албум, Дилан кажа разни интересни работи, ама со една споредба си ги запечати шансите за некогаш да летува во Дубровник или на Брач.

Во Грција децата живеат со родителите до 30-тата, а после се селат на горниот кат

Историски се познати случаи кога економската криза во некое општество поттикнува културен подем. Нешто слично последниве години се случува со грчкиот филм.

Шарл Азнавур: „Не пеам за пари“

Шарл Азнавур, еден од најпознатите пејачи и композитори на сите времиња, е автор на околу 1,000 песни, кои ги имаат испеано исто толку познати музичари како Реј Чарлс, Боб Дилан, Лајза Минели, Хозе Карерас. Во моментов, на 87 години, е на турнеја низ САД. А не е ни банкротиран, па да мора...

Ферал Трибјун - една историја

Во мега-интервју, од кое пренесуваме дел, Предраг Луциќ ја раскажува историјата на култниот Ферал Трибјун, еден од најбитните рокенрол проекти на сите времиња на овие простори. Бунт во чист облик, жестоко рокање и ролање, придвижено од страна на неколку клинци од сплитските улици. Едноставно, опасно добра приказна..

„Јас сум пештерски човек"

Зошто секој може да научи португалски? Дали некои аспекти на природата никогаш нема да ни се разоткријат? Дали Твитер тривијализира? Интервју со Ноам Чомски по повод неговата нова книга „Правење на иднината: oкупации, интервенции, империја и отпор".

Франзен кај Станковиќ

Франзен пред неколку дена беше во Хрватска, промовирајќи ги хрватските преводи на неговите книги. Нормално, Станковиќ не пропушти да го донесе во Дневникот.