Таг: достава

Сцена на вечерта во Лига Европа: Пица за достава на сред терен

Норвешки Молде и германски Хофенхајм синоќа во Виљареал (поради строги мерки во Германија со задолжителен карантин мечот се пренасочи во Шпанија), одиграа фантастичен дуел со дури 6 гола (3:3). Во еден момент некој и нарачал достава на пица, а дечкото што ја донел нарачката беше збунет.

„Книшкиот ангел“ кој разнесува книги низ Лондон

Мили Џинет за време на пандемијата формирала Фејсбук група за размена на книги. Само два дена подоцна собрала околу 300 примероци од праговите на понудувачите низ јужен Лондон. И потоа самата ги доставила до заинтересираните.

Преубаво изненадување од Наполи за своите навивачи

Преку Amazon многу навивачи нарачале од овосезонскиот дрес на Наполи. И чекаат достава да им стигне, ѕвони врата, а на врата....

Норвежаните поради грешен Гугл превод добиле еден тон јајца

Норвешкиот Олимписки тим којшто пристигнал во Пјонгчанг на Зимската Олимпијада не можел да поверува што се случува кога на нивните готвачи поради грешка во преводот им стигнале 15.000 наместо 1.500 јајца. Снабдувачите и готвачите на тимот се изненадиле кога домаќините им истовариле цел шлепер јајца: „Немаше крај на доставата“, вели шефот на Нордискиот тим.

Како Пепе чекал достава на новите копачки

Во пресрет на најголемото светско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабота, сите играчи во карантин психолошки се подготвуваат, а само Португалецот Пепе нестрпливо чека дечкото со моторче да му го донесе најновиот модел на копачки. Според рекламата на UMBRO секако.

Книги доставени до домашна адреса за еден час

NearSt е нова платформа преку која лондончани можат да нарачуваат наслови од локалните книжарници и да ги добијат на домашна адреса. Предноста во однос на другите начини кои стојат на располагање - се помагаат локалните независни книжарници, и работата се завршува за еден час.

Нарачуваш парче пица и те служи Леброн

Прв ден на работа, како пица мајстор. Ги служи гостите и нормално муабети со нив и ништо не би било необично да не е во прашање еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата.