Денес и вчера на големо се пишува за Диего затоа што на 22 јуни се одбележаа 34 години од најконтроверзниот гол на сите времиња, голот против Англија во четвртфинале на Светско првенство 1986-та познат како „Божја рака“. Англичаните никогаш не му го простија некоректниот потег кој ги боли на секое потсетување.
Дуел на титаните во полуфинале на Мундијал Италија '90-та. Бразил против Аргентина. На теренот ѕверки како Тафарел, Дунга, Карека, Валдо, Буручага, Марадона, Каниџа. Токму последниве двајца го решија мечот во 80-та минута и „гаучосите“ отидоа во 1/4 финале.
Изјавата на Алесандро Костакурта дека Меси бил толку јак уште на 16 години, што при една пријателска средба тој побарал од Анчелоти да го извади од игра после 15 минути за да не се посрамоти. Ама работата е што Костакурта никогаш не играл против Меси.
Руни, Кристијано Роналдо, Марадона, Роналдињо, Анри, Бекам, Роналдо, Ван Перси, Тоти, Ривалдо. Од сите овие легенди ќе повтори по еден легендарен гол. Оценката по физичко веќе може да му ја заклучат. Седи 5-ка.
Во еден егзибициски натпревар меѓу ветераните на Аргентина и Бразил во склоп на емисијата „Ритмо де ла ноче“ на 30 јули 1994 година играат Марадона, Гојкочеа, Ругери и Буручага против Галиндез, Бебето, Дунга, Тафарел и Бранко. Класико Бразил - Аргентина во мал фудбал. Бебето ги работи како почетници.
Сите мислеле кога ќе го смени дресот со одело дека ќе се смени, ќе се смири, ќе биде поуљуден. Ама јок. Си тера по свое до ден-денес. Диего Армандо Марадона на денешен ден пред 25 години станал тренер на Расинг во Аргентина. Еве како поминал неговиот прв натпревар.
Немаме намера да нагаѓаме што е, ама претпоставките се знае кои сe. Марадона моментално е тренер на Гимназија де ла Плата, а камерите снимија момент кој неговите помошници се обидоа да го сокријат. Додуше со закаснување, бидејќи веќе се виде дека доби нешто во рака.
Во тренинг базата на клубот кој го води, Химнасиа Ла Плата, дошле десетина деца да земат автограм од него. Во целиот тој џагор, Диего се изнервира и им свика на децата дека нема да добијат потпис ако урлаат „Диего, Диего!“
Од почетокот на септември Марадона работи во татковината. Тренер е на Химнасиа Ла Плата. Тој ја користи секоја прилика да покаже колку е спремен за дружба и забава, па така и во Аргентина танцува во соблекувална. На екипата не и оди баш најсјајно (со Диего имаат 5 порази на 8 меча), но во неделата славеа 3:0 против Алдосиви.
Диего Марадона е тренер на Химнасија Ла Плата, тим кој синоќа му гостуваше на Њуелз во аргентинската Супер лига. Диего на времето одиграл само 5 меча за Њуелз, ама го пречекаа како Тутанкамон уште кога влезе во градот.
Додека репрезентацијата на Аргентина тренирала во својата база, Диего решава да се пушти на една селска ливада и таму да набива кондиција за Мундијалот во САД 1994.
Во натпревар со 6 гола, екипата која од скоро ја води Диего Марадона, Химнасија Ла Плата ја прослави првата победа сезонава, 2-4 на гости против Годој Круз. Марадона знаеше како да го прослави триумфот.
Британскиот режисер Асиф Кападиа 10 години собирал материјали и изгледал снимки во времетраење од 500 часа за да ја стокми документарката за аргентинската фудбалска икона. Кој знае што сè собрал во едно. Премиерата ќе ја има на 1 октомври на HBO.
До таа мера играл добро што многумина сметаат дека овој меч му бил најдобар во целиот долгогодишен престој во Италија. Постои анегдота дека некои присутни гледачи на стадионот се прашувале кој спорт е ова со што се занимава Марадона?
Режисерот на оваа документарка цели 10 години собирал видео-материјали од сите страни на светот. Правел сложувалка која на крајот даде еден преубав филм со тажен крај. Диегито може да се доживее најдобро преку овој документарец.
Еден од најголемите револуционери откако е светот и векот, е симбол околу кој се обединуваат сите жители на Росарио, градот во кој е роден уште еден гениј кој ја смени историјата. Ова е приказна за почетоците на Лионел Меси.
Фудбалската грозница во Велика Британија била толку голема што на мега концертите во пауза меѓу песните, публиката зсекогаш почнувала некоја навивачка песна (ни денес ништо не е сменето на прославите), па Фреди Меркјури се инспирирал да напишат нешто свое што ќе се пее.
Избувлив каков го дале, Диего не пропушта прилика да прави циркуси и во фаца да им плеска сè на костумосаните раководители кои според него недоволно ги почитуваат старите легенди.
Го сакаат, го почитуваат, нема голем притисок како во татковината и ужива во пренесување на фудбалското знаење на помладите. Претпоставуваме дека прави уште нешто што многу сака.
Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.
Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.