Многу веѓи се кренале во Аргентина кога славниот клуб од Буенос Аирес решил за помошен тренер да назначи жена психолог по професија. Таа брзо ги демантира скептиците и станува најзаслужна за ведрата атмосфера во Ривер.
Најголемиот миленик на Аргентина, разочаран и расплачен по поразот во финалето на Копа Америка реши: „Ова е крај, толку од мене за репрезентацијата“. Аргентинците го молат да ја смени одлуката, а тргнаа да објавуваат и билборди со „Лео не си оди“.
Истражувањето на шпанскиот дневен весник Ел Паис открива дека нема ниту еден град на светот со повеќе стадиони од аргентинската метропола. Буенос Аирес има 36 стадиони со барем 10.000 седишта.
Од прекарот Син на ветрот до Коканиџа, ова е патот на еден од најсаканите аргентински фудбалери во историјата, кој само по своја заслуга ја прокоцка шансата да влезе меѓу најголемите.
Папата Францис е голем љубител на фудбалот и навивач на аргентинскиот клуб Сан Лоренцо. И покрај тоа, изјави дека никогаш во живо не го гледал Лионел Меси како игра.
Третото овосезонско дерби меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата имаше неславен крај, откако домашните навивачи се протнаа во тунелот и фрлија солзавец директно во пет фудбалери на Ривер.