Еден од највисоките во земјата, овој водопад е глетка што дефинитивно вреди да се посети, посебно наесен. Ѕирнете го видеото од целото искуство, а подолу прочитајте како си поминале:
Поетот ќе каже "И ти си некому вода"
Мудрецот ќе каже "Испразни го својот ум, биди без облик, безобличен-како водата. Потоа стави ја водата во чаша и таа станува чаша, стави ја во шише и таа станува шише....Водата може да тече или да се распрскува. Биди како водата"
Денешното патување го посветивме на една вода, вода од еден водопад, сместен над селото Колешино, под Беласица.
Есенско возење....
Минуваат пред очите прекасни пејзажи кои за многумина се асоцијација дека природата го отфрла оној вишок од себеси, се соголува и згрчува.
Но за нас есента е време на заеднички мигови кои не сместуваат во некоја добра рамка.
Времето некако стои и работи за нас.
Одиме пешки низ листопадната шума во подножјето на Беласица.
Малку сонце ќе се пробие, краток потсетник дека е тука. Не само сега, туку целото ова време. Само некогаш недоволно јасно го гледаме. Дрвјата ни го кријат погледот кон добрата перспектива, но затоа килимот од лисја под нашите стапала го прават волшебен. Тука кај Колешино, во воздухот ја чувствуваш водата, иако водопадот не се гледа, а дури кога сосем ќе се приближиш до него, водата и се слуша.
Сонливо ги триеме очите, ги бришеме објективите како да и тие имаат вода, во овој есенски ден.
Сме ја виделе Беласица во лето, па и тој славен Смоларски Водопад....но патеката кон Колешинскиот, најавува посебна средба. Дали дека есента прави чуда...дали тој мир кој тука владее на крајот на ноември е причина, заклучуваме гласно дека оваа планина и овие локации се дефинитивно есенска дестинација. А Колешино е дефинитивно срамежливиот и таен убавец.
Патеката е како приказна, како враќање во детството со Ивица и Марица. Наместо слатката куќа, овде ве дочекува водопад кој ја нема во ноември бујноста која ја има во март, но затоа само сега може да се набљудува водата и карпата без очекувања дека тоа ќе биде моќна сила, туку како и животот, водопадот според годишните времиња е подговен за постојана трансформација.
Се навраќаме на онаа реченица на мудрецот од почетокот на сторијата...
"----ставете ја водата во чаша и таа станува чаша, ставете ја во шише и таа станува шише..." Ние носиме со себеси шишиња СКОПСКО SMOOTH...и си додадавме: "Стави го пивото во чаша, станува чаша, стави го шишето во ладната вода од водопадот и ќе се наградиш себеси со златни голтки свежа убавина."
Кога секој човек, уште во раното детство би добил задача секојдневно во текот на животот да биде активен да се грижи искрено барем кон едно животно и да минува кратко во самотија покрај некоја вода....овој свет би бил многу порадосно место.
Да течеш како водата, значи да живееш во состојба на внатрешен мир, а тоа значи дека нашиот живот е исполнет и нема ништо со што би сакале да го менуваме. Сé е онака како што треба да биде.
Ние сме во мир.
(Комерцијален текст)