Гет ап, во „МКЦ Клуб“ има стенд ап

Заради голем интерес, првоаприлската магија продолжува и на втори април.

Три часа исполнети со вкусна храна, пријатна музика и загарантиранo смеење, предизвикано од специјалниот гостин кој доаѓа директно од Хрватска, Пеџа Бајовиќ и неговиот домаќин од Македонија Бојан Велевски.

Пеџа Бајовиќ е еден од првите стенд ап комичари во регионот кој успешно ја гради својата интернационална кариера повеќе од 10 години. Има настапувано во повеќе од 20 земји и во над 100 градови низ светот.

Бојан Велевски е најпродуктивниот стенд ап комичар во Македонија кој само во 2017 година одржа над 50 настапи пред повеќе од 10,000 посетители. Бојан е професионален актер кој дипломирал на ФДУ , а самиот вели дека стенд ап-от му преставува хоби кое го работи професионално.

Билетите за 01.04.2018 се веќе распродадени.

******

Цена - 350 денари (250 ден. претпродажба до 29.03)

Билети во продажба – Купикартизасе и МКЦ Клуб и Ресторан

Бројот на картите е ограничен, влез во 20 часот, инаформации на 070 387-372

29 март 2018 - 08:31