Доживување кое за момент ќе те телепортира до американската кујна.
Ќе заборавиш како е да мавташ по келнерот, да бараш уште една чаша вода или да ти зафали било што... Услугата е толку врвна што буквално ќе им јадеш од рака и нема да можеш да кажеш „не, фала.“
Што ќе откриеш по една вечерa во MiCasa?
Локацијата и погледот се најдобрите во Скопје. Подобри нема да најдеш.
Просторот, понудата и услугата се доживување кое не се наоѓа на друго место.
Единствено таму месото е зреено 28 дена, во посебни фрижидери, и не смее да се допре ден порано.
Може да се резервира парче месо, од 27-те видови кои се нудат, со име, презиме и точен датум кога последен пат било допрено и пресечено, исклучиво за тебе и твоите гости.
Месото е главната состојка на специјалитетите и му се посветува важно внимание.
За бифтекот Кобе на пример, потребни се 20 дена подготовка. Сѐ започнува со одгледување на месото со музика од Моцарт. Во процесот се вклучени и посебни масажи, похранување со пиво и исклучително високи стандарди за чување. Воедно, тоа е и најскапото парче месо кое ќе го пробаш.
Главниот готвач - Омер, учел и работел со светски прочуениот Salt Bae, во неговите ресторани NusrEt. Сега целото шоу кое го научил, го носи во Скопје.
Шеф Омер прави спектакл и на приватни забави.
Како што самиот вели, ако Меси прави чуда со топката, Омер прави чуда со месото и огнот. Голем плус е што шоуто лесно може да се пресели во удобноста на твојот двор.
Спектаклот од масло, оган, зачини и парче месо е доживување кое завршува со симфонија од сочни вкусови.
На целата приказна ѝ фали нешто благо? Само тука ќе пробате баклава донесена директно од Газиантеп – турската престолнина на ф’стаците.
Секако, доаѓа послужена со неколкуминутно шоу, каде се меша со оригинален турски сладолед. Првото залче дури се служи до уста - додека не гризнеш и направиш „ммм,“ тимот готвачи не те испушта од вид.
Да финишираме - Во MiCasa ќе искусиш целосно ново доживување, покрај новите вкусови.
За сите прослави, бизнис, деловни вечери, вечери во пар или важни моменти кои треба да се одбележат и раскажуваат со денови и месеци...
Местото го знаете:
*Мало предупредување: Ќе ти требаат неколку часа потоа за да се вратиш во реалноста
(Комерцијален текст)