Веќе неколку денови низ Скопје струјат информации дека нешто големо се подготвува во Спортската Сала Расадник. Од засега неофицијалните информации кои допираат до нас, дознаваме дека станува збор за нешто невидено до сега, нешто што пријатно ќе нѐ изненади и ќе го разубави секојдневието на голем број наши сограѓани.
Сѐ уште непотврдените информации доаѓаат пред сѐ од страна на урбани ликови и луѓе поврзани со спортот кои во минатото биле заштитни лица на кампањи за најпознатите светски спортски брендови како Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Champion, Converse и други. Oд таму, некако природно се наметнуваат гласините за она што се подготвува сите да го поврзат со Sport Vision, компанија која е лидер по продажба на спортска опрема од наведените, како и многу други брендови во нашата земја и воедно најголемиот спортски малопродажен ланец на Балканот. Остануваат прашањата за тоа што ќе се случува во спортската сала Расадник деновиве.
Трагаме по информации, но по се изгледа дека ќе треба да почекаме уште малку за да ги дознаеме деталите.
Ние ќе бидеме “залепени” пред нашите екрани и ќе ги чекаме одговорите на нашите прашања на https://www.facebook.com/SportVisionMacedonia/ и https://www.sportvision.mk, a вие?
(Комерцијален текст)