Русите покажаа како изгледаат рововите што ги имаат ископано на фронтовските линии во Украина. Нормално не им се сите ровови вакви, и нормално овој служи и за деморализирање на другата страна. А изгледаат подобро веројатно од домовите на добар дел од војниците сместени во нив и како Русите уште долги години да не планираат да мрднат од нив.
Моментално Русите го сметаат Бахмут за ослободен, а Украинците за окупиран. За некоја недела / месец, тоа може да се смени. Што и да се случи, кој и да е ослободителот, наградата ќе биде град кој изгледа како да сака еднаш засекогаш да му ги скратат маките. Снимката е од деновиве и од тоа што се гледа како најлогично решение да е Бахмут никогаш повеќе да не биде населен град.
Да не знаеш што е пострашно колку се моќни експлозиите што новинарката на секое се вади од памет или што овие што се поодамна во Бахмут се станати ѓон на сè што се случува околу нив.
Градот кој до 2016 го носеше името Артемовск, е еден од градовите на Украина кои војнава неколку пати ги сменија газдите. Моментално се под украинска власт, што подразбира дека и украинска војска е заглавена во рововите околу градот. Не на нивно големо задоволство. Снимките од рововите што доаѓаат од таму се како од сценографија за филм од Прва светска војна.
Војната во Украина изминативе месеци и нема некои херојски битки гради во гради туку главно се троши артилериска муниција, а и така се гине, во ров, од проектил што, за разлика од војников, не си го чул или касно си го чул.
Ретка снимка од дрон од директен судир и операција за освојување и чистење ров во Украина. Војници наредени како ПЕЗ бомбони, ни лево ни десно, само напред, само на нишан. Ништо повеќе смелост да се влезе во ровот, ништо помалку смелост да се брани ровот.