Шпанскиот репрезентативец Витоло (27) кој три пати ја освои Лига Европа со Севиља, решил да потпише со Атлетико Мадрид кој е суспендиран и не смее да купува играчи до јануари, но нашол дупки во правилата.
Во репрезентацијата на Шпанија настапи смена на генерација, па во последните шест месеци навивачите видоа многу лица. Еден фудбалер посебно „го купи“ селекторот Хулен Лопетеги кој го промовираше во нов лидер на Фуријата.