Гласот кој со својата мекост и лековита меланхонија нè освои од прво слушање, сега е распослан на цел еден албум. По промоцијата во Њујорк, добриот глас на Крсте Роџевски стигнува и во Скопје и Битола.
Во Њујорк моментално има одлична постава Македонци, чија дружба некогаш заличува на најлежерните и најлуди будалаштини од Зизи Топ во опуштените 90-ти години. Овојпат, од сите нив најмногу нè интересира еден Крсте, психијатар.