Три работи: Прво, Жижек има свој осврт на фејк-њуз што е и како е; второ, на РТ; трето, каде од пред некое време има сопствена емисија под наслов „Како да ги гледате вестите, со Славој Жижек“.
Редовниот ЕУ дисидент - Жижек, новокомпонираниот - Варуфакис и најпознатиот жител на еквадорската амбасада во Лондон, Асанж. Тројцата денес во Лондон разговараат за Европа, а модератор им е хрватскиот филозоф Сречко Хорват.
Традиционален тоталитарен татко: јас подобро знам од тебе што ти сакаш, и затоа во недела мора да одиш кај баба ти на гости.Пост-модерен неавторитарен татко: не те присилувам да ја посетиш, и би сакал да дојдеш со нас само ако ти така одлучиш.Жижек објаснува зошто второво е далеку полошо од првото, па продолжува за политичката коректност.