Во најновата еко-акција, што се спроведе во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, волонтерите на Пивара Скопје исчистија неколку километри од кејот на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба. При тоа беше собран целиот сув отпад од патеките и бреговите на двете страни на реката, кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран.
На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group гордо го претстави својот најнов член - Next Door Park Hotel, којшто со својот карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско освежување за Скопје. Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.
Ај хев а дрим дека еден убав сончев ден метеор од самокритика ќе им падне на глава на сите безгрешни како каменот кој тие би требало да го фрлат кон грешните, како чисти неизвалкани чеда на својот сопствен Исус, кога веќе општиот Бог и неговите експозитури не им чинат ако немаат нивна книшка.
Ја сретнавме Индира Кастратовиќ во кафе-барот во комплексот на спортската сала Јане Сандански. Пријатна, опуштена во својот природен амбиент, како риба во вода. Помеѓу секој коментар или насмевка крева глава да поздрави некој од минувачите, колеги, познаници, соработници... Нејзината енергија е контаминирачка, ништо помалку од она на што човек замислува дека ќе наиде среќавајќи ја оваа голема спортска војвотка.