Околу 500 навивачи на Рома кои допатуваа во Букурешт на мечот од последното коло од Лига Европа против Астра Ѓурѓу искористија прилика да извикуваат навредувачки пароли против Лацио, да се степаат со редарите и да прекинат едно-минутно молчење во чест на загинатите бразилски фудбалери од Шапекоенсе.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Ариц Адуриц е апсолутен херој на групната фаза во Лига Европа откако вечерва постигна нереални пет гола во триумфот на Атлетик Билбао против Генк 5-3. Рома убедлива во Виена, на Манчестер Јунајтед му виси пласманот во следната рунда.