Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Во претходните десетина години на секој гол на Кристијано Роналдо за Португалија, коментаторите изговараа: „Со овој гол Роналдо му се приближи на вечниот Али Даеи на 21, 20, 19 гола... итн“. А Иранецот е права легенда.
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Мини серијата на ХБО во пет продолженија, од која до сега се прикажани четири, ја актуелизира подзаборавената тема за советскиот нуклеарен реактор и за тој мај 1986 кога веста за неговата експлозија до нас стигна во форма на забрана за јадење марули и играње на дожд. Но последиците за огромен број луѓе, и по сè што некогаш било живо во непосредна близина на несреќата, се чувствуваат и денес.
Во последниве две години, ширум фудбалските стадиони во Европа често се пее една неверојатно певлива мелодија која настанала пред 34 години од италијанското дуо Ригеира.
Важат за ноторни левичари. Блиски се со навивачите на Ливорно и АЕК Атина, исто така крајни левичари во своите земји. Различноста на нивната трибина (црни, бели, жолти) и културни разлики ги спојува само едно: љубовта кон клубот кој во 1992/93 стана европски шампион.