Супер прво полувреме за македонската фудбалска репрезентација. Веќе до 17-та минута разбиена е Летонија со два гола на гости. Елмас, Барди и Пандев одиграа акција со која ја извадија од колосек одбраната, а Барди испука бомба на прва.
Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.