комерцијален текст

Linex Lady - сојузник на женското здравје

Вагиналните инфекции можат да го намалат квалитетот на сексуалните односи.

Непријатното чувство, како што е чешање, печење, непријатен мирис или зголемен вагинален исцедок, е честа причина за избегнување сексуални односи. Често вагиналните инфекции доведуваат до појава на болка при сексуален однос, но причината може да биде и срам или страв од ширење на инфекцијата кај партнерот. Последново е и најголем проблем, а во исто време и причина за упорноста и за тешкото излекување на вагиналните инфекции.

Дали е време за паника?

Без разлика дали станува збор за бактериска или за габична инфекција, доколку се заразени двајцата партнери, потребно е да се лекуваат двајцата.

Кај бактериските инфекции е потребно да се користи антибиотска терапија, секако, препорачана од лекар – гинеколог.

За габичните инфекции најчесто се употребуваат кремови или вагиналети што содржат противгабични супстанции.

Најголем проблем се упорните, повторувачките вагинални инфекции кои кај голем дел од женската популација се повторуваат и по неколку пати во годината.

Совети!

- Не треба да носите тесна, синтетичка облека

- Употребувајте неутрални средства за интимна нега

- Избегнувајте да одите на базен

- Намалете ја количината јаглехидрати во исхраната

- При користење антибиотици треба да ја заштитите нормалната флора со употреба на пробиотик

Што можеме да преземеме сами?

Линекс лејди вагиналните капсули се со целосно природен состав и се безбедни за употреба кај сите жени, вклучително и кај трудниците и девојките.

Линекс лејди помага во обновувањето на нарушената вагинална флора, која е прв услов за појава на вагинална инфекција.

Линекс лејди содржи висока концентрација на Doderlein-ови бацили кои се природен жител на вагината.

Најважно за спречување на појава на вагинални инфекции, како и за нивно лекување, е да се воспостави нормален состав на вагиналната флора. Со ова се поттикнува природната одбрана на организмот, се зајакнува локалниот имунитет и се спречуваат задржувањето и размножувањето на штетните микроорганизми кои се одговорни за настанувањето на инфекции.

Многу важен фактор во борбата со несаканите бактерии е и pH вредноста во вагината. Нормално, таа е кисела, а ваквата pH не дозволува размножување на штетни микроорганизми. Доколку pH вредноста се промени во базна, таа претставува одлична средина за размножување на штетни бактерии, а со тоа и за појава на непријатни знаци на инфекција. Токму поради ова инфекциите најчесто се појавуваат по месечниот циклус, кога pH вредноста природно се менува во базна поради крвавењето.

Линекс лејди пробиотските вагинални капсули, на сосема природен начин, ја воспоставуваат и одржуваат потребната pH вредност и спречуваат појава на инфекции.

26 септември 2012 - 09:46