комерцијален текст

Дани и Александар Митевски заедно со Coca-Cola ја донесоа празничната магија во Македонија

За прв пат компанијата Coca-Cola одлучи својата моќна новогодишна порака да ја пренесе во Македонија преку автентична македонска новогодишна песна. Песната ''Празнична магија'' е целосен македонски производ во секоја смисла на зборот: музика, текст, аранжман, изведувач и продукција.

Митевски беше задолжен за целокупното креирање на музиката, аранжманот и текстот, а Дани со својата неверојатна изведба ја доловува душата на песната. Песната е олицетворение на вредностите на најомилениот пијалак на светот: радост, оптимизам, семејни вредности и неповторливата магија на заедничките моменти.

" За мене новогодишните празници се вистинска магија", вели Дани. ''Најубавиот период од годината кога ги делиме волшебните моменти со најблиските. Ми се допаѓа што и самата песна ги истакнува истите работи кои ми се и мене важни, а мислам дека и на сите луѓе: семејните вредности, радоста и оптимизмот, особено за време на празниците кога луѓето со задоволство се собираат.'', истакна Дани. ''И како што кажува и песната, постои ли некој кои не верува дека таа магија нас ни доаѓа...радост, среќа и топлина во срцето, кога пак сме заедно.'', дополни Дани.

За Митевски, создавањето на песната беше голем предизвик и задоволство.

''Создадовме песна која на вистински начин комуницира со луѓето, на нивен јазик, во нивен ритам а сепак ги пренесува универзалните вредности и пораки на Coca-Cola. Беше голем предизвик, одговорност но и големо задоволство да се направи македонска верзија на песна која е симбол на Новата Година насекаде во светот. Благодарни сме и на компанијата Coca-Cola за укажаната можност и доверба. Верувам дека песната ќе биде вистински новогодишен хит.''

''Празнична магија'' е дел од Новогодишната ТВ реклама на Coca-Cola, еве и линк :

http://www.youtube.com/watch?v=OlxjaPRo_M4&feature=plcp

 

26 ноември 2012 - 12:53