Оваа година се навршуваат 60 години од формирањето на првата млекарница во Македонија, Млекара а.д. Битола. Од 1952 година, па сè до денес, континуираното унапредување и модернизирање на фабриката ја издигнаа Битолска млекарница во компанија со силна структура во производството и дистрибуцијата на секогаш свежи и квалитетни млечни производи.
Веќе 60 години млекарницата е посветена на одржување и промовирање на здрав живот и здрава животна околина, а долгата традиција заедно со современата технологија, која ги следи светските трендови и постојаното унапредување на производните капацитети овозможуваат „Бимилк" секојдневно да ги задоволува највисоките критериуми и потреби на милиони потрошувачи.
По повод 60-годишниот јубилеј, Битолска млекарница Ви го претставува новиот „Бимилк класик" јогурт со традиционален кисел вкус, кој како и сите други производи е направен според вкусот на нашите потрошувачи и е одличен избор за сите оние што сакаат во текот на целиот ден да се чувствуваат совршено.
Овие 60 изминати години заедно се доказ за совршениот квалитет на производите, посветеноста и грижата на нашата компанијата и вашата скапоцена верност и љубов. Ви ветуваме уште многу години богата и здрава трпеза со нашите производи.
(комерцијален текст)