На нашиот стандарден квартет бавчованџи(к)и од денеска им се придружува уште еден вонсериски интернет аргат, познат под крстеното име Бетмен Велит, кому и младо и старо, и женско, машко и средно, обично го поздравуваат со индијанскиот хауг "Здраво Боби". Бетмен е лик чија свежина редовно се обновува со помош на спиење. Сонот никогаш го нема изневерено а за јавето ќе ви раскажува сам. Со огромно задоволство што нашето дружење, освен во течна ќе го видиме и во пишана форма, најтопло ви препорачуваме да му дозволите сам да ви се претстави, да ви каже што е во хороскоп, за што се залага и како ја сака Катерина Ивановска.