За книгата ќе зборува: Звездан Георгиевски
Водител: Ѓоко Здравески
Песни ќе читаат: Оливер Белопета, Емилија Пападимитров, Ана Голејшка, Зоран Тортевски, Саша Шотаровски-Шоте...
На ѕидот десно ќе има изложба на цртежи од Владимир Лукаш и Тихомир Јанчовски. На лице место ќе црта и слика Цветанка Јованова - Хермес.
Гости во музичкиот дел: „ПЕРИЈА", Добрила Грашеска, Зоран Тортевски. По официјалниот дел на промоцијата следи џем-сејшн, со џезери (дечките од Лајтмотиф) и секакви музичари. Предуслов да фатат инструмент е да ги познавам, а тие да го познаваат инструментот.
Освен скопска публика, очекуваме и делегации од Прилеп и од Битола. (Главен гостин од Прилеп - Хемфри Димовски).
Ова ќе му дојде нешто како поетско-музички-ликовен настан (зборот „перформанс" не го сакам).
Издавач: МАТИЦА
Изданието не е финансирано ниту помогнато од ниедна државна институција.
Книгата ја има во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица", во новото „ТРИ" и во „Матица". Ако некому му е скапа а сака да ја има, слободно нека пише во инбокс.
Влез слободен.
Што ќе им порачате на читателите?
Да се живи и здрави. Да читаат само нешто што ги допира, што ги прави поарни луѓе. Инаку, и книжевноста може да биде отровна работа. Не е птица сѐ што лета и не е добра книга сѐ што е отпечатено и има корици. Не треба да се чита нешто што го прави човека несреќен или што го збунува. Литературата треба да лекува.